(Фото) Kaтacтpoфa…: 5.000 фиpми пpoпaднaлe caмo вo пpвитe шecт мeceци oд гoдинaва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во првите шест месеци од годинава од Централниот регистар на Македонија избришани се 4.998 компании. Лани за истиот период таа бројка беше 4.704. Најголемиот број од нив, 3.224 се избришани затоа што не поднеле на време завршна сметка.

Од почеток на ковид-кризата без работа останале околу 50.000 лица. Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени лица во Македонија е околу 150.000.

Бројот на згаснати фирми во првите шест месеци од годинава и лани е во рамки на просекот. Лани вкупно биле избришани 6.214 компании, а регистрирани биле 7.077 фирми.

Во 2017 од списокот на Централниот регистар биле избришани 10.628, во 2018 година 6.864, а во 2019 – 7.234 фирми.

Лани во октомври премиерот Зоран Заев изјави дека македонските компани, кои одвај врзуваат крај со крај под ударот на кризата предизвикана од пандемијата и со недоволна помош од државата, ќе бидат оставени да пропаднат.

„Се работи за една комплексна насоченост на владата со јасна визија што сака да постигне. Прво мора да знаат компаниите кои животарат, ќе ги оставиме да пропаднат“, рече премиерот Зоран Заев. Според него, ваквото решение е затоа што тоа „не било одржливо ниту во Европа“, ниту на други места, туку целиот капацитет ќе бидл насоќен на т.н. „локомотиви на општествата“.

Извор: mkd.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This