(Фото) Koи ce cимптoмитe нa Koвид-19 и кoгa зapaзeнo лицe нajлecнo гo пpeнecyвa виpycoт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ковид-19 се прошири во повеќе од 200 земји низ светот, а трае речиси една година. Регистрирани се над 335.000 случаи на коронавирус само во земјите од Балканот.

Во светот повеќе од 50,7 милиони луѓе биле заразени со Ковид-19, 1,2 милиони починале, а 35,8 милиони луѓе одздравеле, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Истражувањата покажуваат дека дури 80 проценти од луѓето имаат само благи симптоми или ќе поминат без посериозни проблеми. Додека помал е процентот на луѓе имаат посериозни последици.

Поминаа повеќе од десет месеци откако се појавија првите случаи во Кина, а истражувањата напредуваа и ни донесоа нови информации за вирусот.

– Кои се симптомите?

Ковид-19 е вирус кој ги напаѓа белите дробови, а двата главни симптоми се треска и сува кашлица.

Според Британската национална здравствена служба (NHS) сувата кашлица не значи слуз.

Континуирана кашлица значи кашлање кое трае подолго од еден час или најмалку три пати на во текот на 24 часа. Ова може да доведе до отежнато дишење, што често се опишува како интензивно затегнување во градите, отежнато дишење или чувство на задушување.

Ова е проследено со треска ако телесната температурата е над 37,8 степени. Како резултат на покачената температура може да се чувствувате жештина и омалаксаност.

Симптомите се болка во грлото, главоболка и дијареја, како и губење на чувството за мирис и вкус. Потребни се пет дена за да се појават симптомите, велат научниците, но за некои луѓе тој период трае уште подолго.

Овие симптоми не мора да значат со сигурност дека имате коронавирус. Овие симптоми ги има кај многу почести вируси, како што се настинката, грипот и слични.

Најголемата шанса заразено лице да го пренесе вирусот е токму периодот кога се манифестираат симптомите, но има и научни тврдења кои укажуваат на тоа дека вирусот се шири дури и пред тие луѓе да се разболат.

– Колку луѓе ги чувствуваат симптомите?

Неодамнешна студија објавена во Британија покажува дека 78 проценти од луѓето со Ковид-19 имаат благи симптоми или немаат никакви симптоми. Ова се асимптоматски случаи, кои лекарите често ги споменуваат.

Ова се совпаѓа со наодите од истражувањето спроведено во италијанско село во епицентарот на епидемијата, кое покажува дека 50-75 проценти од заразените биле асимптоматски, но биле „страшен извор“ на инфекција.

Друга неодамнешна студија на Исланд покажа дека околу половина од оние кои биле позитивни на вирусот корона немале проблеми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This