(Фото) OBA ГO HEМА НИ НА ХOPOP ФИЛМ: Го нaтepaлa 8-гoдишниoт син да пиe 6eнзин пa гo зaпaлилa, дoдeкa нeгoвaтa cecтpa гo глeдaлa тoa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Русија ја уапси Анастасија Баулина (31) под сомнение дека го убила нејзиниот осумгодишен син.

Таа е обвинета за присилување на момчето да пие бензин на 15 март, а потоа го запалило. Детето починало во болницата во Курск од повредите.

Според медиумите, Анастасија го запалила својот син Андреј затоа што му се налутила бидејќи му кажал на неговиот очув дека нејзиниот љубовник доаѓал во куќата.

Прво се скарала со својот син, а потоа го извадила во дворот, каде што насилно му ја отворила устата и му полила бензин низ грлото. После тоа, таа го запалила детето.

– Плачеше додека го принудуваше да проголта бензин – сведочеше постарата сестра на Андреј, Наташа (12).

Девојчето започнало да вреска и да бега, а очувот на малото момче набргу влетал во дворот и започнал да го гасне огнот, повикувајќи помош.

Момчето починало по два дена во болница од повредите.

– Ја видов на автобуската станица. Се расправаше со сопругот, а децата ги изнесе надвор – изјавила за медиумите сосетката Нина Четверикова.

Доколку биде осудена, на Анастасија и се заканува 20 години затвор.

Во исто време, започна друга истрага, која треба да утврди зошто малиот Андреј, кој веќе еднаш бил одземен од неговата мајка, повторно бил вратен во семејната куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This