March 28, 2024, 12:47 pm

ФРАНЦИЈА ВО ПЛАMEH: „Жолтите елеци“ се cyдpија во полицијата, уапсени 102 лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мобилизацијата на „жолтите елеци“ во Франција е поголема од претходната сабота, се до 17.30 часот, протестите се одвиваат во многу помирен амбиент и покрај присутните тензии со силите на редот, јавува дописникот на МИА.

Според полицијата во Париз уапсени се 102 лица, а на 74 им е изречена мерка притвор, по полициските контроли. Министерството за внатрешни работи процени дека на демонстрациите зеле учество до 15.00 часот 32.000 „жолти елеци“, од кои 8.000 во Париз.

Овие бројки е тешко да се проверат, бидејќи нема независни извори. Според телевизијата „Франс Инфо“ денеска биле мобилизирани околу 50.000 лица. Се проценува дека во Бордо беа околу 6.000, во Тулуз 5.000, исто толку во Бурж, каде на крајот од демонстрациите имаше судири со силите на редот, а кога започнаа да подигаат барикади, беа уапсени 17 лица.
Во Ним беа меѓу 700 и 1.000 демонстранти кои се обидоа на крајот од протестот да влезат во префектурата но беа одбиени од полициските сили, по што подигнаа барикади со бариери од градилиштата и бетонски блокови. Во Руан каде демонстрираа 2.500 лица, беа нападнати новинарски екипи.

„Жолтите елеци“ во текот на овие двомесечни протести, редовно ги напаѓаат новинарите, обвинувајќи ги „дека се блиски до власта и дека не ја кажуваат вистината.“.

Во Лион беа околу 1.500, исто колку во Стразбур, додека во Нант 2.600 во Кан 25.00, а во Ница 400 демонстранти.

Бројни полициски и жандармериски сили во моментов се распоредени околу Триумфалната порта, каде заврши денешното дефиле во Париз.

Деветиот чин на „жолтите елеци“ помина со зголемена мобилизиација, но и со помалку насилнички испади и судири со силите на редот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This