April 16, 2024, 10:36 am

Франција и Британија со зајакнати патроли против мигрантите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија и Франција потпишаа договор за спречување на мигрантите да го преминат Ла Манш, а двете земји се согласија да го зголемат бројот на полициски патроли на трасата што ја поминаа повеќе од 8.000 луѓе оваа година.

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател и нејзиниот колега од Франција, Дарманин, потпишаа договор за спречување на мигрантски патишта преку Ла Манш, пренесува Гардијан.

Пател и Дарманин се согласија дека бројот на припадници на француската полиција кои се дел од Ла Манш ќе биде двојно зголемен, но сè уште не е објавено колку британски полицајци ќе бидат ангажирани во запирање на минувањето на мигрантите.

Исто така, беше договорено технологијата за надзор, како што се беспилотни летала, радари, камери и слично, да се подобри.

Договорот предвидува и мерки за поддршка на сместување на мигранти во Франција и мерки за зголемување на безбедноста на границата на пристаништата на северот и западот на земјата.

Бројот на мигранти кои го преминаа Ла Манш оваа година и стигнаа до Велика Британија надмина 8.000, што е значително повеќе од минатата година, кога бројот беше 1.835.

Според неодамнешниот извештај, скоро 300 лица ги загубија своите животи при обид да го преминат Ла Манш од 1999 година.

На новиот договор се спротивставија хуманитарни организации и активисти. Тие тврдат дека поради ваквите одговори на надлежните, мигрантите ќе прибегнат кон уште поопасни рути

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This