ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА МУ РЕКОА НЕ НА САД: Нема да ги прифатат заробените бopци од Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Засега Франција нема да реагира на повикот на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој побара сојузниците од ЕУ да прифатат стотици бopци, повратници од Сирија, изјави француската министерка за правда, Никол Белобет.

„Постои нов геополитички контекст, во поглед на повлекувањето на САД од Сирија. Засега не ја менуваме својата политика и не реагираме на барањата од Трамп“, рекла Белобет.

Повикот на Трамп ладно е дочекан и во Германија, чии власти соопштија дека Берлин може да прифати бopци од „Иcлaмcкa држaвa“ само ако осомничените имаат конзуларен пристап.

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас рекол дека „хуманитарните случаи“, жените и децата веќе се вратени и дека за другите случаи тоа би било можно само ако постои можност веднаш да се покренат судски постапки.

„Потребни ни се информации, потребни ни се истраги, а мислам дека тоа во моментов е исклучитено тешко да се провери“, рекол Мас.

Трамп викендов ги повика Германија, Франција и Велика Британија да го прифатат враќањето на околу 800 зapoбeници, за да им се суди во матичните држави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This