April 26, 2024, 10:40 am

ФРАНЦИЈА МУ ПОСТАВИ УЛТИМАТУМ НА МАДУРО: Ако не распише нови избори до крајот на денот ќе го признаат Гваидо за легитимен претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако до крајот на денот не биде објавена одлука за нови избори, тогаш Франција ќе го признае претседателот на Националното собрание Хуан Гваидо за легитимен претседател на Венецуела, изјави министерката за европски работи на Франција, Наталија Лаузо.

„Изборите на кои победи Мадуро беа фарса. Ако тој до крајот на денот не превземе обврска да организира нови претседателски избори, ние ќе го признаеме господинот Гваидо за легитимен претседател на Венецуела.“, рече министерката за „Фигаро“.

Вчера претседателот на Венецуела Николас Мадуро потврди дека сака да организира вонредни избори за Националното собрание, коешто моментално е под контрола на опозицијата.

Во декември 2015 година венецуелската опозиција на парламентарните избори за прв пат по 17 години доби контрола над работата на собранието, освојувајќи две третини од пратеничките мандати. Во декември 2016 година Националното собрание го прогласи претседателот Николас Мадуро за виновник за кризата во земјата. Во јануари 2017 година пратениците од опозицијат гласаа за Мадуро да ја напушти функцијата поради невршење на својата должност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This