ФРАНЦИЈА, ХОЛАНДИЈА И ДАНСКА ПPOTИB: Последни информации од Брисел – Франција останува на одлуката, ќе се „поттикнува“ Македонија да продолжи со реформи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција, Холандија и Данска остануваат цврсто на ставот и покрај тешките разговори, против одлука за датум за отпочнување на преговори со ЕУ за Македонија и Албанија, пренесува бриселскиот политички магазин „Политико.еу“

Според Дејвид Херценхорн, новинар на „Политико“ кој известува за последните случувања во Брисел, Франција е цврсто против отпочнување на преговори со двете земји, Македонија и Албанија. Холандија и Данска се со позитивен став кон Македонија, но не и со Албанија.

Лидерите на земјите членки на ЕУ дебатираат за донесување на „утешен“ заклучок со кој би требало да се поттикнат земјите да продолжат со реформите, но заклучок со кој ќе се одложи отварањето на пристапни преговори за Македонија.

Од добро информирани дипломатси извори пак, „Инфомакс“ претходно објави дека најверојатно ќе се донесе заклучок за каков што пренесува и „Политико“.

Се очекува ЕУ Советот да не усвои одлука за датум, туку да постигне консензус и да усвои заклучоци со кои ќе се даде позитивен сигнал, признание и поттик за Македонија и Албанија за досега сработеното, како и за спроведување на реформите, а заклучокот веројатно ќе содржи и реченица во која Советот на ЕУ ќе си даде обврска да се наврати на темата одлука за датум во следниот период/следното претседстелство/после следниот извештај на Комисијата/ сладната година или слична фраза која би се договорила најмногу меѓу Франција, Германија, Холандија и Вишеградската група – вели за „Инфомакс“ добро упатен дипломатски извор.

(Видео)ПОСЛЕДНИ ИНФОРМАЦИИ ОД БРИСЕЛ: Датум нeмa, наместо тоа ќе се „мотивираат“ Македонија и Албанија да се peфopмираат

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This