April 19, 2024, 10:59 pm

Француска лабораторија: Досега шест луѓе добиле вградено вештачко срце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската лабораторија „Карма“ соопшти дека кај шест луѓе досега е вградено вештачко срце. Станува збор за двајца пациенти во Италија и четворица од Германија.

– Многу Позитивните Повратни Информации За Вграденото Вештачко Срце „Аесон“, И Во Комерцијален Контекст И Во Клиничките Испитувања, Го Зајакнуваат Нашето Уверување Дека Ова Срце Е Вистинска Алтернатива За Човековото Срце – Вели Извршниот Директор На Карма, Стефан Пија.

Од основањето во 2008 година, лабораторијата ја објави првата продажба на вештачко срце во јули годинава. Тим кардиолози во болница во Неапол тогаш вградија вештачко срце кај првиот пациент.

Протезата тежи 900 грама и е потешка од вистинското срце коешто тежи 300 грама.

Лабораторијата засега не ја сооштува цената, но неофицијално, таков имплант чини околу 160.000 евра, колку и вистинска трансплантација на срце со подолг постоперативен тек.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This