Ќе гледаме ли по 7.мај и втор круг на избори во Франција и ќе го читаме насловот: Франција нов сојузник на Русија во Сирија, Франција ги закопува ЕУ и еврото, или дури – Франција го напушта НАТО? Дали изборите во Франција ќе донесат апокалипса за Европската унија?
Ако може да се суди по западните медиуми – ќе гледаме, во случај да победи било кој освен Емануел Макрон, независниот кандидат и лидер на брзо формираниот „Во движење“.
Западните медиуми здушно ги огласија предупредувачките сирени: Франција гласа, на коцка е судбината на цела Европа, изборите се битка над битките во походот на Европа против популистите! Не е ни чудо, бидејќи од четири кандидати кои имаат речиси еднакви шанси за пласман во вториот круг, тројца, ако победат би направиле кардинално свртување на политиката во Франција. Од тројца, двајца го доведуваат во прашање поректот за единствена Европа. А нема ЕУ без Франција.
Re-tweet if you think #France will be next to #LeaveEU#Frexit #LePen #franceelections #Brexit #EUspring #Brexit #ViveLaFrance pic.twitter.com/2GpeT78fdI
— TheOrdinaryMan (@theordinaryman2) April 22, 2017
За Брисел, јасно е дека во фотељата на францускиот претседател е прифатлив само Емануел Макрон, кандидат на левиот центар, кој од друга страна во Москва го доживуваат како француски Хилари Клинтон. Бидејќи тој не само што, благо кажано, не ветува пријателски односи со Русија, туку веќе по испробан рецепт ги обвини руските хакери за напад на компјутерите на неговата партија.
Некогашниот Ротшилдов банкар и министер за економија кај претседателот Франсоа Оланд кој ја напушти влата на крајот на 2016. за да се посвети на своето движење нуди континуитет на политиките на актуелниот француски, па и западен естаблишмент. Како што покажуваат анкетите, во врат му диши „вечно втората“ кандидатка од Националниот фронт Марин ле Пен, која јава на брановите на антиисламизмот, антимиграциско и анти-ЕУ расположението.
Се залага за зближување на односите со Русија, а веќе отворено повика да се прифати дека Крим е дел од Русија. Републиканецот Франсоа Фијон, кој е некој процент позади овие први двајца и кого го нарекуваат „Путинов пријател“ за време на предизборната кампања го нарече Крим историска руска тертрија. „Непотребно се инатиме и говороиме дека Русија треба да го напушти Крим. Тоа никогаш нема да се случи“, рекол Фијон во интервју за „Фигаро“. Но довчерашниот фаворит во трката, се заплетка во политички скандали кои, како што се шпекулира, преку ноќ му ги приредија претставниците на системот.
.Dear #France it’s the time to #MFGA just like we saved our country from globalists with Trump #MarineLePen #Marine2017 pic.twitter.com/0tNPEbspnM
— 🇺🇸Jojoh888🇺🇸🌹 (@jojoh888) April 23, 2017
Картите на политиколозите, букмејкерите и инвеститорите додатно и по четврти пат ги промешаа и резултатите од анкетите, каде Жан-Лик Меланшон, кандидат на лево радикалната партија „Левица“. Неочекуваната политичка ѕвезда во подем, Меланшон е спремен за дијалог со Русија, а предлага и организирање на голема меѓународна конференција за да го зацврсти постсоветскиот светски поредок.
Тројца од последните кандидати, според поизразена или не про-руска политика, заедничко им е дека се противници на независно Косово, или како што вели Фијон, укажуваат на опасност од тој преседан. Најрадикалните во тоа се Меланшон кој вели дека како европски пратеник никогаш не гласа за било кој текст во кој се споменува Косово бидејќи не го признава. Од друга страна, во склоп со редефинирањето на границите, ја поддржува независноста на Република Српска.
За драматичноста на изборите, свесни се без сомневање, и француските бирачи, а оттаму се и редовите за гласање. Вжештеноста не била никогаш поистакната, но и поделеноста во колевката на европската демократија. Но како и да се завршат изборите во Франција и во втор круг, трендот на растечка свесност за враќање кон националната политика сериозно ја наруши привлечноста на европскиот проект. Во Европа се шири со неподнослива леснонтија и евроскептицизмот.
Се повеќе се оние кои не се засегнати од мислењето на Брисел, и кои стануваат свесни дека аутистичната европска бирократија, оддалечена од реалноста во сосптвеното самољубие нема да ги реши проблемите туку во најдобар случај ќе ги турне под тепих ако не и ќе ги влоши – чисто колку да има со што да се занимава и да каже дека без неа не се може. Затоа ќе има се повеќе од оние кои постапија како Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов кој трипати им кажа „не“ на европските претставници – Јоханес Хан, Федерика Могерини и Доналд Туск кога му бараа да го додели мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Друго е прашањето колку тоа ќе го чини.
Тања Трикиќ
Спутник