ФРАНЦУСКИ „ТОТАЛ“ ВЛЕГУВА ВО РУСИЈА: Францускиот енергетски гигант инвестира 25 милијарди долари во руски проект на Арктикот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската компанија Total ќе преземе 10 отсто од уделот во проектот за течен природен гас вреден повеќе милијарди на рускиот замрзнат север.

Total се стреми да стане главен глобален играч на ЛНГ, а се натпреварува со Royal Dutch Shell Plc и Exxon Mobil Corp, откако минатата година купи средства од Engie SA. Најголемите светски нафтени компании, исто така, промовираат природен гас, бидејќи се обидуваат да останат профитабилни и релевантни, во свет кој се повеќе бараат горива кои загадуваат се помалки. Ангажманот на Total, на руската компанија Novatek ќе и ги обезбеди многу потребни средства за вложување кои ќе достигнат до 25 милијарди долари.
“Овој проект се вклопува во нашето стратешко партнерство со Novatek и исто така со нашата постојана заложба да придонесеме за развојот на огромните ресурси за гас на северот на Русија, кои првенствено ќе биде наменет за силно растечкиот азиски пазар”, рече генералниот извршен директор на Total, Патрик Пујан, во изјавата. “Арктичкиот ЛНГ 2 ќе придонесе во нашата стратегија за раст на ЛНГ преку развивање на конкурентни проекти базирани на ниски трошоци”.

Директниот и индиректниот удел на францускиот енергетски гигант во Арктичкиот ЛНГ 2 на северот на Сибир ќе изнесува околу 21,5 проценти. Total поседува околу 19 проценти од “Novatek”, кој планира да задржи удел од 60 отсто во проектите за гас на северот на Сибир, се вели во соопштението од четвртокот. Компанијата има можност да го зголеми својот директен удел до 15 отсто доколку Novatek го намали својот удел на под 60 отсто.

Компаниите очекуваат да донесат конечна инвестициска одлука за проектот следната година. Проектот ќе има капацитет од 19,8 милиони тони годишно, или 535,000 барели нафта еквивалент на ден, според соопштението. Првата од трите производствени единици најверојатно ќе започне со работа во 2023 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This