Француско „масло на огнот“ во Карабах

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„На 25 ноември, Сенатот ќе разгледа резолуција за признавање од страна на Франција на Република Арцах. Само неговата независност може со сигурност да ги гарантира правата и слободите на народот во Нагорно Карабах пред турскиот исламистички експанзионизам”, наведе сенаторот Бруно Ретајо, претседателот на републиканците во францускиот сенат.

Францускиот Сенат ќе разгледа резолуција во која парламентарците ги повикуваат властите на државата да ја признаат независноста на Нагорно Карабах, објави на Твитер сенаторот.

Резолуциите на францускиот Сенат се од советодавна природа и извршната власт може да ги земе предвид, но не е обврзана да ги почитува.

Претходно, во интервју рускиот претседател Владимир Путин потсети но и предупреди дека „никој, па дури и Ерменија, не ја призна независноста на Карабах“, со што предупреди дека не треба да има ни најмало странско мешање во постигнатиот кревок мир во Кавказ.

Според одредени кругови, ова ќе додаде масло на огнот во регионот, но истовремено и претставува чист доказ дека регионалниот конфликт се искористува како поле за француско контрирање на експанзионистичката политика на Ердоган, кој во конфликтот на Нагорно Карабах силно и политички и воено ги поддржа трупите на Азербејџан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This