ФРАУ МЕРЕКЕЛ ГО ПОДДРЖА ГЕНОЦИДОТ: Германската канцеларка бара да го смениме името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никој не им се заканува на македонските граѓани со изолација. Тие можат и треба сами да одлучат за иднината на државата. Иднината може да биде членство во НАТО и станување дел од ЕУ, доколку имате успех на референдумот на 30 септември. Но, секако, треба да се каже дека има и одредени предуслови што треба да се исполнат. Ова на денешната прес конференција во Владата на РМ го порача германската канцеларка Ангела Меркел, која е во прва официјлна посета на Македонија.

„Јас не сум за закани, ако има позитивен исход референдумот вие можете да станете членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Но, има предуслови. Имаше спор, мораше да се најде решение за тој спор. Затоа, прашањето на НАТО и решението на тој спор се многу тесно поврзани, бидејќи знаеме дека нема сите членки да гласаат за прием на вашата земја во НАТО, ако ова не биде решено. Луѓето на 30 септември имаат можност исто како што направија пред 27 години, да гласаат дали сакат да припаѓат на семејство на ЕУ и НАТО, а тоа бара истовремено прифаќање на Договорот со Грција“, одговори Меркел на прашање зошто Македонија да остане во изолација ако не успее референдумот.

Таа излезе со јасна политичка порака – не останувајте дома на 30 септември, на овој историски ден. Искористете ја шансата и кажете каква индина сакате да имате.

Премиерот Заев, и искажа добредојде на Меркел, како прв германски канцелар што доаѓа во Македонија и тоа на вака голем ден, како што е Денот на независноста. Притоа, тој се заблагодари и за отворената подршка што Германија, како еден од најголемите поддржувачи на нашата евроаталнтска интеграција, ја дава во своите билатерани и мултилатерални односи.

Поддршката што ја добиваме е огромна и пријателска во нашите напори да изградиме просперитено европско општество. Токму поради тоа, охрабрени сме да го направиме историсиот исчекор, рече Заев, додавајќи дека пред Македонија, сепак, останува „домашната работа“, а тоа се забрзување на реформите.

Одговарајќи на новинарски прашања Меркел кажа дека денеска нема да се сретне со претседателот Иванов, но дека ќе има средба со лидерот на опозицијата, на кого ќе му ги пренесе истите пораки што му ги упати и на премиерот Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This