Фрајзер ја пpekина испораката на вакцини во Израел бидејќи земјата не платила за последните 2,5 милиони дози

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Фајзер“ ги запре испораките на вакцини за коронавирус во Израел откако земјата не успеа да ја ги исплати последните 2,5 милиони дози што требаше да бидат доставени, дознава „Џерусалим пост“.

Високи претставници на „Фајзер“ изјавија дека се загрижени дека владата во транзиција нема да исплати и компанијата не сака да биде искористена. Тие рекоа дека не разбираат како може да се појави таква ситуација во организирана земја.
Армиското радио објави дека Фајзер го нарече Израел „република банана“.
Пратка од 700.000 дози која се очекуваше да пристигне во Израел во недела, но беше одложена.
Фајзер за „Пост“ изјави дека компанијата ги завршила сите испораки во Израел според првичниот договор за обезбедување на својата вакцина COVID-19, потпишана во ноември 2020 година.
“Компанијата во моментов работи со израелската влада за ажурирање на договорот, за набавка на дополнителни вакцини на земјата. Додека оваа работа продолжува, пратките може да се прилагодат”, се вели во соопштението на компанијата.
Министерството за здравство не ја коментира изјавата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This