„ФРИКИ“ СЕ ЈАВИ: Ќе дадам активен придонес со јавно објавување на сите поднесоци ставени во фиока потпишани со мое име и презиме и откриени 3лоупотреби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, која деновиве беше често споменувана во аферата со запленети службени документи од нејзиниот дом, како и во аферата Рекет на Боки 13 и Катица Јанева, денеска се приклучи на „востанието за правда“, кое во видео обраќање го објави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– Во име на овој повик ќе дадам активен придонес со јавно објавување на сите поднесоци ставени во фиока потпишани со мое име и презиме и откриени 3лоупотреби (2013-2019). И ќе барам одговорност независно кој ќе биде допрен со чистење на прашината (ако „чистењето“ е искрен подвиг) и тоа во име на паролата дека, законот мора да важи за сите – парола во која се помалку веруваат и граѓаните и тие што „спроведуваат правда“. Ќе се обидам да (по)верувам и јас кога штетите што ги трпев од пријавите што лежат по фиоки, нема да бидат мотив плус за дупла штета во стилот „уби го гласникот“.

Ременски се пријави во востанието, а на која страна ќе се бори ќе видиме во блиска иднина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This