ФРИШОПИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Се воведува One-Stop Shop на граничните премини Табановце – Прешево и Пелинце – Прохор Пчински

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната 56-та седница беше усвоена и информацијата за потребата од потпишување Договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу владите на Република Албанија и на Република Македонија. Во име на Владата на РМ договорот ќе го потпише Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

Со договорот ќе се продлабочи соработката меѓу двете земји преку заеднички акционен план во областа на дијаспората, како и преку периодични програми за соработка.

На денешната седница министрите ја усвоија и информацијата за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и Република Србија на граничните премини Табановце – Прешево и Пелинце – Прохор Пчински. Оваа мерка е една од целите на Повеќегодишниот акциски план за создавање Регионална економска област на Западен Балкан, усвоен на Самитот во Трст од јули 2017 година. Тој меѓу другото предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли и гранични контроли со едно застанување односно One-Stop Shop.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This