Фрлени 250 тони сол на градските улици за спречување на голомразица, Град Скопје апелира внимателно возење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат активностите на екипите на зимската служба на Град Скопје кои интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари по обилните врнежи на снег кои започнаа изминатава вечер.

zimska-sluzba-sol

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ, до утрово фрлија 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.

-Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до – 6 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување, се вели во соопштението од Град Скопје.

Од Градот апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This