April 27, 2024, 12:26 am

ФРЛЕ СЕ ПРАВДА: Не стојам зад атентатот на Глигоров, Глигоров “шмелцувал”, Андов “мудросер, шушумига, го*нар”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Љубомир Фрчкоски во специјална колумна одговара на обвинувањата и алузиите на Стојан Андов кој во своите најнови книги го посочува како човек кој е подготвен да убие било кого и кој е можеби зад атентатот на Киро Глигоров, пренесува Експрес.

Фрчкоски во негов стил за Андов користи погрдни и навредливи зборови а на Глигоров му препишува деменција кога зборувал за аферата “Куферче грчки пари за промена на името”.

“Целата конструкција и злоупотреба со оваа траума за нацијата Стојан ја насочува на лични освети и импутирања сомнеж и конспирации.

Во таа смисла е тоа монструозен безобѕирен гест независно каква амбиција стои зад тоа. Андов вели дека Киро на некој состанок му рекол дека него го спрема за свој наследник…и само тој можел да ја чува Македонија (бре Стојане, бре стопане селски…. која е оваа приказна???) и дека насетувајки го тоа, а од омраза и страв од Стојан „младите лавови во СДСМ“ (белким јас Бранко и не знам можеби Ханџиски) решиле да преземат акција… барајки оставка од Киро (на некој состанок на Водно, со тајна намера веројатно Ханџо да го инсталираме за Претседател, бидејки јас немав години за тоа тогаш, па не може мене да ми ја залепи и таа амбиција)!?

За потоа, Стојан да сугерира дека незадоволни од одговорот на Кирота сме тргнале во акции на можни ликвидации!!?? Па него сообраќајка сме му сместиле, во која тој секако едвај преживеал.

Па во атентатот на Киро сугерира дека е можно да сме вплеткани. Па јас не сум дошол на некој состанок кај него по атентатот (кога Милошевиќ му понудил помош? Најде кој да му нуди помош), а дека сум бил во Крива Паланка (со сугестија за контакт со некого таму од конспираторите)…Како вели во болната фасцинација од мене и мојата „тогашна моќ“, а во дијалогот со Владо Ралев на Женевското езеро цитирам: Фрчкоски може секого да убие, мене, Претседателот кој и да е???

Па, јебига, неможе да се следи оваа заебанција на Стојана од трилерски напон во неа. Кој е ова го*нар? Која конструкција и импутација е подготвен да направи заради своја ситна одмазда кон луѓе од кои е веројатно фасциниран? До каде може да оди со своите злобни фантазии!
Неверојатно”, пишува Фрчкоски во објаснувањето на обвинувањата од Андов во колумна за либертас.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This