ФРОСИНА РЕМЕНСКИ КОНТРА ЗАЕВ И САШЕ ПОЛИТИКО: Нема и не смее да има оправдување, величење и гордост за никаков чин на насилство, убиство или чин на тероризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дека скандалот со поставување на терористот и командант на УЧК Командант Хоџа како советник во владата на Р.Македонија, кој не почека па веднаш тргна да се заканува дека Албанците требало да војуваат со Македонците,  не создава револт само кај опозицијата покажува и реакцијата на пратеничката на СДСМ Фросина Ременски, која на социјалните мрежи напиша дека ниту една цел не може да биде оправдување за тероризмот и убиствата

 

„Нема и не смее да има оправдување, величење и гордост за никаков чин на насилство, убиство или чин на тероризам ! Ниту една цел, не може да биде оправдана со насилства и убиства ! Паднатите за одбрана на мирот и државата заслужуваат длабока почит и достојно сеќавање за нивната жртва !“ – напиша Ременски на својот ФБ профил.

Нема и не смее да има оправдување, величење и гордост за никаков чин на насилство, убиство или чин на тероризам !Ниту…

Posted by Frosina Remenski on Thursday, May 10, 2018

Но не сите размислуваат како Ременски, па „првото перо“ на Зоран Заев, Саше Ивановски, се одлучи денес да напише т.н. колумна на неговиот т.н. сајт, бранејќи го Хоџа и Заев.

Според Саше Ивановски, убиството на Македонските полицајци не било тероризам за кој се лежи доживотен затвор, туку напротив, било храброст. Апологетот на Заев оди дотаму што пишува дека, Хоџа бил во право кога зборувал за храброста на терористите во Диво Насеље, затоа што успеале да направат голема штета, а полицијата два дена не можела да ги запре во терористичкиот напад.

„Он само ја објаснува нивната храброст и вештина на војување, што реално, држи вода, дечките се бореле навистина јако, направиле многу штета, два дена не можеа да ги неутрализираат, се направи многу штета, и во животи и во опрема и во куќите…“ – пишува првото Заевистичко перо во својата т.н. колумна на т.н. сајт „Мактел“.

Тој продолжува да објаснува дека тоа што се случило во Диво Насеље, убиството на осумината Македонски бранители, теророт кој го искуси секој граѓанин на оваа држава, стравот од повторување на конфликтот во 2001-та, и потоа плукањето по жртвите на овој терористички чин од страна на Хоџа, требало да биде заборавено. Уште еднаш, овој пат неуспешно, обидувајќи се да ја покрие мизеријата на сопственото постоење со измислената кованица „Груевизам“.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This