April 25, 2024, 10:00 am

ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ОБЈАВИ „ВИБЕР“ КОМУНИКАЦИЈА НА ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ: Ја злоупотребил ли Јовче Ременски позицијата во УБК да прислушкува и следи опозиционери?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

Вибер-комуникација на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ утрово осамна на приватниот Фејсбук профил на потпретседателката на СДСМ, Фросина Ремеснки, сопруга на Јовче Ременски, функционер во МВР и близок соработник на Оливер Спасовски.

На фотографиите што се објавени на приватниот Фејсбук на Ременски јавно се прикажани личните податоци и телефонските броеви на луѓе кои не се вршители на јавни функции, а со тоа е нарушена нивната приватност. Дека Ременски нелегално поседува вибер-комуникација со која се заканува, покажува и постот објавен пред два дена кога револтирани жители на нејзината општина – Карпош, пред нејзиниот дом мирно демонстрираа го искажаа револтот за изгласувањето на Законот за јазиците.

Ременски најави дека ќе поднесе кривична пријава за нив.

„Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, ОК на нивната партија од Карпош на чело со поранешниот и сегашниот претседател на ОК Карпош Сашо Лазаревски и Тони Јаревски (актуелен советник во Карпош), заедно со позната група на партиски активисти вечерва „протестираа” со отров во устата и душата пред мојот дом.

Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со сѐ што поседувам како доказ за кажаното.

Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине.

Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка …, викајте ме како сакате, затоа што знам дека, им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност.

Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете“, напиша на својот фејсбук профил Ременски.

Освен скандалот со објавување на лични податоци, се поставува и прашањето од каде Ременски ги добила овие скриншоти со приватни вибер разговори? Една од теориите е дека еден од учесниците во комуникацијата направил скриншот и некому го пратил, но, сопругот на Репенски е високо позициониран во МВР, па постои сомнеж и дека се прибавени преку нелегално следење на комуникации од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање.

За службите да следат нечија комуникација потребно е да постои истрага отворена од обвинителството и налог за посебни истражни мерки, а МВР не ни смее да ги добива комуникациите, затоа што тие директно се пренесуваат во обвинителството. Но, СДСМ се познати по нелегално следење на комуникациите уште од обелоденувањето на случајот „Пуч“.

Инаку, ова не е прв скандал на брачниот пар Ременски, кој е поврзан со нелегално следење на комуникации, претходно беше објавувано дека токму тие на Зоран Божиновски му испраќале преслушувани разговори за тој да ги објавува.

По објавувањето на оваа сторија од страна на Вечер, Јовче и Фросина Ременски се закануваа на новинарите кои ја објавија истражувачката сторија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This