ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ОД СДСМ СО СИЛНА ПОДДРШКА И АПЛАУЗИ ЗА ЛГБТ АКТИВИСТОТ БОКИ 13: Лично присуствуваше на објавата за посвојување три деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката на СДСМ Фросина Ременски со своето лично присуство на неговата објава за посвојување 3 мали деца, му даде силна поддршка ЛГБТ активистот Боки 13.

ЛГБТ активистот е самонаречен хуманитарец кој носи облека од 5.000 евра на своите појавувања, трошејќи најмногу пари на себе и сопствена самопромоција.

Боки 13 истакна дека очекува позитивен одговор од неговата пријателка, министерката Мила Царовска од СДСМ, а минатата недела се сретна со премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски.

Главна порака на вчерашната манифестација беше дека Боки 13 сака да си порача посвојување на 3 мали деца, како тоа да се предмети и играчки.

 

ЛГБТ активистот Боки 13: Сакам да посвојам 3 деца, ќе поднесам барање до мојата пријателка од СДСМ министерката Мила Царовска

Самонаречениот хуманитарец, ЛГБТ активистот, пријателот на Зоран Заев и поддржувач на СДСМ, Боки 13 изјави дека сака да посвои три деца.

Боки 13 најави дека во понеделник ќе поднесе барање до надлежното министерство за труд и социјална политика, каде што министерка е неговата пријателка и поддржувач Мила Царовска од СДСМ.

Нагласи дека очекува позитивен одговор, затоа што е во добри односи со целото раководство на СДСМ.

Боки 13 е познат по огромен број на скандали и фијаско на повеќе концерти. Неговата невладина организација нема веб сајт, ниту има повеќе информации во јавноста. Таму допрва се очекуваат скандали.

Боки 13 помошта секогаш ја дели пред многу камери и медиумска помпа, а носи чевли од 3.000 евра и костуми од 1.000 евра, трошејќи најмногу за себе.

 

СДСМ ја правда педофилијата, дали на мала врата ни се подготвува озаконување?

Владата на СДСМ преку нејзиниот министер за култура, Роберт Алаѓозоски отвора дебати и настани на кои се дискутира за ЛГБТ лицата и нивната општествена состојба . Настанот „Вечер на раскажување на квир приказни“, проект финасиран од Сорос Македонија, настанот беше отворен од министерот Алаѓозоски.

На дебатата говореше и Никола Шиндре, учесник на „Шарената револуција“ , кој јавно преку своите текстови ја релативизира педофилијата. Тој  и на својот фејсбук профил го објави  својот текст во кој ја правда педофилијата како нагон, кој сме требале да го разбереме, а не како силување на малолетници, фејсбук статус кој наиде на поддршка од страна на Ирена Цветковиќ, Кочо Анодновски, Румена Бужаровска, учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДСМ.

Шиндре во својот текст, пишува: „ Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. “ Релативизирање на педофилијата која остава трајни лузни врз детото, создава општество на морално искривена подлога.

Шиндре со своите ставови наиде на поддршка и од едно од најгласните опозициски пера, Билјана Секуловска, која на својот фесјбук профил напиша:

„Текстот на Никола Шиндре не го прочитав како поддршка на педофилијата, туку неопходност од едукација на младите, кои се изгубени во самоспознавањето, затоа што се лишени од комуникација.“

Еден од подржувачите на Шиндре и неговите ставови за педофилијата е и Румена Бужаровска која беше честа со своите говори на  кампот на СДСМ пред Владата на Република Македонија.

„ Што се случува кога 12-годишно дете ќе посака секс или барем ќе се задоволува на помислата дека има секс со 50 годишен маж или жена, па подоцна ќе посака истото и да го реализира?!, пишува Шиндре  во својот текст.

Секако линкот од ваквиот текст споделен на својот фејсбук профил беше поддржан од Ирена Цветковиќ, Кочо Анодновски, Румена Бужаровска, учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДСМ. Дополнително фактот што министерот за култура на Република Македонија отвара дискусии за ЛГБТ заедниците и разговори во кои се релативизира педофилијата како кривично дело од најтежок вид, кажува дека Владата на СДСМ е отворена и за можни законски олеснувања, па дури и за легализирање нна педофилијата, каде не би бил виновен педофил за силувањето, туку детето кое според логиката на поддржувачите на СДСМ е сексуално суштество и има потреба од сексуално општење на свои 12 и помалку години со лица на 50 годишна возраст.

Отварање на теми како педофилија, и нивно релативизирање, како наводен нагон , а не како силување на малолетници врз кои се остава трајна писхичка лузна која тешко се брише и имаа влијание во нивниот понатамошен ментален развој е неморално и штетно за општеството.

Ваквите тези и ставови со кои треба да се врши некаква инклузија на ЛГБТ лицата и релативизирање на педофилијата како нешто нормално создаваат болно општество без никакви вредности.

Со поддршката на СДСМ на вакви настани и трибини се отвара прашањето: Дали СДСМ на мала врата ја протнува педофилијата како нормална општествена појава и дали ќе ја легализира истата?

Дали е ова отворањето на општеството според СДСМ, нашите деца да бидат силувани а педофилите да поминуваат неказнето бидејќи сме требале да го сфатиме нивниот „нагон“?

 

Родители револтирани од односот на МТСП: Вашето молчење значи одобрување и стимулирање на педофилијата

Текстот на Никола Шиндре, каде што тој ја оправдува и релативизира педофилијата и вели дека би требало да ја сфатиме како нагон, наиде на остра реакција кај најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија. Од невладината организација „Здружение за здраво поколение“ побараа Министерството за труд и социјала да не молчи и да реагира за овој случај.

Во скандалозниот текст Никола Шиндре ја правда педофилијата како нагон, кој сме требале да го разбереме, а не како силување на малолетници.

Шиндре во својот текст, пишува: „ Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. “Релативизирање на педофилијата која остава трајни лузни врз детото, создава општество на морално искривена подлога.

Од здружението за здраво поколение, кое е составено од родители, велат дека требало веднаш да се реагира и овој текст да биде санкционирани согласно законите кои што владеат во Македонија.

-Како здружение за здраво поколение, невладина организација, згозени сме од изјавите и написите на една јавна личност за жал, која што излезе минатата недела на социјалните мрежи. Досега, иако тоа требаше веднаш да биде санкционирано и последиците да бидат сносени согласно законите кои што владеат во Република Македонија и секаде во светот, педофилијата е забранета со закон. Наша обврска и цел како здружение и како родители од другата страна е да ги заштитиме нашите деца, изјави Ирена Мирчевска од здружението.

Тие бараат институциите да преземат мерки, бидејќи нивното молчење го разбираат како одобрување и стимулирање на таквите појави.

-Имено, изјавата која пропагира а и стимулира размислување во таа насока, за жал ја имаат само личности кои треба да бидат третирани од одредени институции, како што е Министерството за труд и социјална политика, а понатаму и други институции. Како родители сме загржиени, затоа што после една недела се уште немаме одговор од Министерството за труд и социјална политика, односно реакција од нивна страна, зошто нивното молчење значи одобрување и стимулирање на таквите појави, за уште повеќе да се разбудат тие болни мисли во главите на личностите кои што се закана за нашите деца. Таквото однесување, таквите изјави треба да бидат остро осудени и бараме реакција од надлежното министерство, изјави Мирчевска.

Тие велат дека се загрижени како родители сега во периодот кога нивните деца се по паркови и игралиштата, а регистарот за педофили кој што долги години фунцкионираше, веќе еден месец го нема.

-Како родители сме особено загрижени во овој период од годината, кога нашите деца се по парковите, кога се по игралиштата, дали се безбедни и дали некој кој што порано бил регистриран во регистарот на педофили, кој што беше на веб страната на министерството. Еден месец веќе не функционира тој регистар, прашањето ни е зошто тој регистар е затворен, а функционираше толку долго време. Уште повеќе сме загрижени и револтирани како родители, изјави Мирчевска.

 

Стаменковска: Неосудувањето на ставовите за педофилија од страна на СДСМ значи поддршка за истите

СДС трети ден не се дистанцира од ставовите на учесникот на „шарената револуција“ Никола Шиндре, искажани преку колумна која наиде на поддршка кај одреден број на учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДС, во која се релативизира педофилијата и повикува на омекнување на законските санкции кон педофилите, изјави на прес-конференција Невена Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме говорот на Невенка Стаменковска.

СДС трети ден не се дистанцира од ставовите на учесникот на „шарената револуција“ Никола Шиндре, искажани преку колумна која наиде на поддршка кај одреден број на учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДС, во која се релативизира педофилијата и повикува на омекнување на законските санкции кон педофилите.

Јавноста е згрозена од основната цел и теза на натписот „Во одбрана на најмаргинализираните сексуални заедници – децата кои сакаат да имаат секс и децата кои сакаат да имаат секс со возрасни“.

Не осудувањето на ставовите за поддршка за педофилијата од страна СДС значи прифаќање на ваквите ставови.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден чекор кој ќе значи намалување на казните за педофилија. Ваквиот став мора да се осуди.

Осуда и потврда за ставот околу казнивоста на педофилијата очекуваме и од останатите политички и општествени субјекти во Република Македонија.

СДС како политичка партија која ја води Владата на Република Македонија, мора да се дистанцира од ваквите ставови на Шиндре и неговите поддржувачи од „шарената револуција“ Кочо Андоновски, Румена Бужаровска, Ирена Цветковиќ, но и новинарка Билјана Секуловска.

ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивставува на обидите да се релативизира педофилијата и да се омекне законската санкција за истата.

Педофилијата е опасност за општеството, го загрозува животот и безбедноста на децата, но и на сите нас. Истата има несогледливи последици за понатамошниот раст и развој на децата жртви на истата. Педофилите се зло кое државата е должна да го сузбие, за таа цел Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ состави регистар на педофили со што и овозможи на јавноста да се информира за лицата кои претставуваат опасност за нашите деца.

Децата, семејството и семејните вредности мора да бидат заштитени од нападот на неморалот.

Уште еднаш го повикуваме Алаѓозоски јавно да ги осуди ваквите ставови и во иднина како министер за култура на Република Македонија да учествува и да поддржува настани кои одат во прилог на поголема културна едукација и развој на граѓаните, а не настани на кои како говорници се јавуваат луѓе со искривени морални сфаќања.

 

Владиката Петар од МПЦ одлучно против педофилијата и хомосексуалните бракови (ВИДЕО)

– Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева, рече Владиката Петар.

Да внимаваме во каков дух ќе ги воспитуваме идните генерации, дали ќе ги учиме на вистинските вредности или на нешто друго, апелираше Владиката Петар од дворот на манастирот Свети Јован Крстител во селото Слепче на отворањето на демирхисарското културно лето. Ако ни се нудат еднополови бракови тогаш бракот не е ништо, рече Владиката Петар.

-Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева, изјави Владиката Петар. Тој посочи дека тоа силно ќе се одрази на вредносниот систем на младите.

Владиката Петар истакна дека и на Запад каде што односот кон ваквите прашања е полибирален сепак се наоѓа начин да се постави граница, при што го наведе примерот на Ангела Меркел и нејзиното одбивање да гласа за еднополови бракови.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This