ФРЧАТ ДРЖАВНИ И ОПШТИНСКИ ОГЛАСИ: Привремени вработувања по партиски клуч

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретаријат на Владата на „Бирото за јавни набавки“ вчера објави нов оглас за ангажирање Агенција за привремени вработувања. Станува збор за сума од 10 милиони денари без ДДВ, или приближно 162 илјади евра, со која се бараат услуги за обезбедување персонал вклучувајќи и привремен кадар. Периодот за кој се однесува набавката е 12 месеци.

Владата веќе склучи договор од над 56 илјади евра за привремени вработувања со Агенцијата за привремени вработувања „Мотиви“. Агенцијата треба да ангажира работници како замена за привремено отсутен работник, при привремено зголемен обем на работа, за работа на проекти и сл. Лани во август со истата агенција, Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор за привремени вработувања за приближно 50 илјади евра.
Набавка на агенциски услуги за привремени вработувања на системот на Бирото за јавни набавки објави и Собранието за сума од приближно 14 илјади евра.
И Агенцијата за медиуми бара „привремени вработувања“ за сума од приближно 93 илјади евра. Вакви слични огласи објавија и општините Демир Капија, Велес и Илинден, Ново Село, Берово. Критериум за доделување на договорите е најниската цена.

Меѓународната заедница редовно ја критикува земјава за прекубројната администрација и за привремените вработувања кои овозможуваат влез во државната служба без конкурс. Oвие вработувања по 3 месеци, се трансформираат во договори на неопределено време. Вкупната сума за привремени вработувања за 2017 година (за централно и општинско ниво) е 6,2 милиони евра. Од државниот буџет за овие привремени вработувања се плаќаат и екстра пари за агенциите да ги вршат овие услуги.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This