April 25, 2024, 11:33 am

Фрчат kaзни: Кaзнети над 100 возачи во Скопје, Тетово и Гостивар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата денеска во периодот од 7 до 13 часот на подрачјето на Скопје спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани се 52 возачи, информира МВР.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението.

Денеска (13.06.) во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 69 возачи, 36 на територија на Тетово, а 33 на територија на Гостивар. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This