ФРЧКОВСКИ ГО ПОВИКА ЗАЕВ ДА НЕ ЧЕКА: Владеачката гарнитура треба да го промени името и да не чека национален консензус, без референдум!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да се создаде национален консензус за спорот за името. За решението ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа секогаш и во секое општество било така, вели универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

 

Според Фрчковски, оваа влада треба да ја превземе одговорноста за промена на името, но да бара начин решението да биде „достоинствено“ кога станува збор за идентитетот, јазикот и културата.

Идеологот на СДС, потсетува дека национален консензус нема да има затоа што никој не сака да биде дел од вакво „решение“, објаснувајќи дека иако тоа власта го посакува со цел да ја подели одговорноста, кое најголемиот дел од експертската и пошироката јавност сметаат дека е еднакво на национално предавство, тоа нема да се случи.

Според Фрчковски, владата треба побрзо да прифати било какво решение и истото да го изгласа во Собрание без да го праша народот на референдум. Фрчковски бара власта сама да реши и за членството во НАТО, а граѓаните целосно да бидат игнорирани, бидејќи како што објаснува, се ќе било „заборавено за месец-два“.

-Нема да се создаде таков консензус. Политичката желба околу консензусот е разбирлива, таа секој политичар ја посакува за вакви прашања и се обидува да ја промовира. Решението ќе биде одржливо, такво да не задира во националното достоинство и идентитет и за тоа ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа така секогаш било, во секое општество донесено за вака клучни прашања. И во таа смисла ќе биде апсорбирано, јас мислам дека по месец-два тоа прашање ќе престане да биде тема воопшто. Ако е вака како што знаеме отприлика, очекуваме дека решението ќе биде околу идентитетот, јазикот и името. И во таа смислам мислам дека ќе биде прескочена, не знам како, не ми е јасно во овој момент, не можам да го досогледам тоа, и фазата со референдумот околу тоа. Мислам дека ќе бидат донесени решенија, тие потпишани во Собрание, ние примени во НАТО во една брза постапка и тоа ќе создаде една сосема нова клима која потоа дури и да се оди на референдум ќе ја обуслови одлуката на референдум со позитивните импакти и со одржливоста на решението, вели Фрчковски.

По завршувањето на вчерашната координативна средба во Клубот на пратеници на која учествуваа политичките лидери, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јасно истакна дека тој и најголемата опозициска партија ќе застанат на браникот на националните и државни интереси, што би можело да биде протолкувано како јасна порака дека опозицијата нема да дозволи промена на Уставното име, согласно предлозите на медијаторот Метју Нимиц за кои претходно преговарачот Васко Наумовски информираше дека се „недостојни“!

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This