April 19, 2024, 11:08 am

ФРЧКОВСКИ ЗА ИМЕТО: Не смее да се дозволи промена на уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мало потсетување што велеше ,,интелектуалниот’’ фронтмен на СДСМ, Љубомир Фрчковски во 2010 година за тоа како треба да се водат преговорите за името со Грција и што не смее Македонија да менува за да се постигне решение.

-Сите Македонци и граѓани на Република Македонија сме соочени со пораз на нашите позиции на меѓународен план. Ова е нов и алармантен факт. Тој процес на паѓање на нашите меѓународни позиции мора да запре. Имено ја повикуваме од оваа позиција ВМРО-ДПМНЕ да води политика на одбрана националните интереси, вистинска одбрана на националните интереси и решавање на спорот со името со јужниот сосед. Да соберат сила и консултираат знаење со која ќе консолидира политика која прво ќе го запре паѓањето на атрибутот македонски од ден на ден во меѓународните организации и низ светот, а потоа ќе води политика на преговори и ќе го реши спорот. И тоа на основа без допирање на идентитетските атрибути на Македонците и без промена на Уставот на земјата. Тоа е возможно, ако не знае или нема сила, нека демисионира. Македонија се наоѓа пред критички период и никој не смее да ја рискира позицијата на земјата по идентитетските прашања кои повторувам до денес ги имавме изборено, а кои оваа влада ги губи пред нашите очи, вели тогаш Фрчковски.

Фрчолина има нешто да ви порача:

Posted by Гоце Панговски on Sunday, July 8, 2018

Сега тој го поддржува Заев и неговата влада во откажувањето од се што е македонско. Македонскиот идентиет, јазик, име и историја, а не му пречи ни промената уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This