Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во вчерашното гостување на 360 Степени рече дека снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а доказите се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“.
Адвокатката Фрчкоска истакна дека најверојатно ќе бара идзвојување на видео снимките од предметот, бидејќи според неа се прибавени на нелегален начин.
„ Не може да се поистоветат снимките коишто Специјалното јавно обвинителство ги третираше како докази и овие снимки. Снимките од нелегалното прислушкување беа озаконети со Законот за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката“, истакна адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска, во интервју за „360 Степени“.
-Јас очекував да ја разрешат од функцијата специјален јавен обвинител. Спорна е одлуката со која таа е разрешена од функцијата јавен обвинител во Гевгелија и како тоа беше поистоветено со разрешување од специјален обвинител. За мене е спорна употребата на терминот незаконито дејствие, бидејќи тоа се одредува само со судска пресуда. Ниту Советот на јавни обвинители, ниту Парламентот не можат да утврдат незаконитост, вели Фрчкоска.