ФУНКЦИИТЕ ГИ РАСКАРАА ШАРЕНИТЕ И СДСМ: Тепачки за функции меѓу „шарените“ и СДСМ?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Активистите кои беа во првите редови во т.н. Шарена револуција, велат дека засега нема никакви разговори во поглед некој од нив да се најде на листите. Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска во интервју дадено во јули, не ја отфрли можноста токму “шарените” да се најдат на пратеничките листи на опозицијата

zaev11

Политичарите почнуваат да прецртуваат денови до избори, а во партиските штабови веќе се кројат кандидатските листи и се калкулира кој би можел да се најде на нив.
Минатата недела новинарот Мухамед Зекири станал член на раководните тела на партијата, што го отвора прашањето дали и тој ќе се најде на кандидатските листи на опозицијата. Според реториката на двете најголеми политички партии, и според досегашната практика, за очекување е пред гласачите на 11 декември да се најдат имиња кои доаѓаат од различни етнички и културни позадини.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, велат дека нивните листи секогаш биле составувани на база на квалитет, а не врз било каква припадност и дека таа пракса ќе продолжи и сега.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

“ВМРО-ДПМНЕ секогаш го одликувале мултиетнички и мултикултурни пратенички листи, и тоа важи за сите претходни мандати. Она по што партијата е позната, меѓу останатото е и тоа што ВМРО-ДПМНЕ своите кадри и кандидати за пратеници ги избира според нивните човечки и стручни квалитети, а не според било каква друга припадноста, вклучувајќи ја етничката. ВМРО-ДПМНЕ во своите редови има луѓе од различни етникуми и различни културни и етнички позадини’ – велат за медиумите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 

[/kopa_block_quote]

Неизвесно е дали најголемата опозициска партија ќе кандидира дел од старите играчи кои беа игнорирани на претходните парламентарни избори, или повторно во најголем дел на листите ќе се најдат кандидатите од претходните избори, кои генерално беа непознати за јавноста.
Активистите кои беа во првите редови во т.н. Шарена револуција, велат дека засега нема никакви разговори во поглед некој од нив да се најде на листите. Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска во интервју дадено во јули, не ја отфрли можноста токму “шарените” да се најдат на пратеничките листи на опозицијата.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Блокот што се обедини околу промени во Македонија треба да биде блок кој ќе им гарантира на граѓаните поинаква политика и мислам дека граѓаните ќе видат дека СДСМ ќе докаже дека е многу поважно од тоа кои и колку се на листите. Видовме дека многу граѓани го тргнаа настрана личниот интерес и по цена да платат одредена штета, да претрпат проблем. Излегоа не за себе, туку за нас и за Македонија, какво право имаме ние тогаш да излеземе себични и егоцентрични. Ние ќе бидеме заинтересирани сите оние кои се залаагат за Македонија во која нема страв, за Македонија во која власта се плаши од граѓаните да излеземе и да имаме заеднички концепт и заедничка листа. Не ја отфрламе идејатата граѓаните да бидат на кандидатската листа, и цело време зборуваме еден широк фронт, а не да калкулираме со едно место или две места. Имаме шанса да го довршиме заедно тоа што го почнавме на улиците, рече Шеќеринска.

 

[/kopa_block_quote]

Со изборот на техничката влада почнаа да течат и роковите за изборите. Парламентот ќе се распушти 60 дена пред одржувањето на изборите. Кампањата треба да почне на 20 ноември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This