ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ ОСТАНАА БЕЗ ЛАПТОПИТЕ: Кражба на лаптопи на високи функционери на СДСМ во Центар – Договорено и наместено?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тешка кражба била извршена во четвртокот во просториите на Општина Центар од страна на непознат сторител. Од наши извори успеавме да дознаеме дека биле украдени 2 лаптоп компјутери и тоа од луѓе кои се соработници на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Дали и какви податоци имало на украдените компјутери останува нејасно но дополнителна тежина на овој случај му дава сознанието дека луѓето на кои им се украдени компјутерите значително им се нарушени односите со градоначалникот Богдановиќ па преку ова се сака директно да им се наштети.

Кражбата била забележана наредниот ден во петокот каде била повикана полицијата да направи увид каде што е констатирано дека е причинета материјална штета.

И покрај кражбата актуелната партиска “невладина“ претседателка на советот на општината Јана Белчевска- Андрееевска (не) свесно ги остава прозорите во општината отворени во текот на наредниот ден.Зошто тоа го има направено Белчевска останува нејасно но оттука се поставува прашањето дали Белчевска намерно го има направено ова се со цел да предизвика дополнителна намерна штета по имотот на општина Центар.

Дали Белчевска ќе понесе одговорност поради ваквото однесување и негрижа во врска со имотот на општина Центар не се знае. Дополнително Белчевска останала недостапна и за МВР како и за вработените на самата општина да даде исказ во врска со кражбата што во значителна мера ги подгрева сите овие дилеми

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This