April 23, 2024, 11:57 am

ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ УКРАЛ 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ: Фалсификувал потписи и исправи за да склучи договор со кој присвоил 8 милиони денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство во Прилеп поднесе кривична пријава против Тони Дукоски(46) од с. Велгошти – Охрид , вработен во КОМПОЗИТНА ОПРЕМА ДООЕЛ Прилеп, заради постоење на основи на сомневање засторени кривични дела ,,Лажно претставување“ и ,,Фалсификување исправа“

Пријавениот со намера за себе и за друг да прибави противправна имотна корист, лажно прикажал односно се претставил дека е управител на фирмата и во такво лажно својство склучил два писмени договори во име на фирмата ,со фирма РОЈАЛ ЛОГОСТИК ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, каде предмет на договор била купопродажба на 1300 транспортни торби и 630 конфекциски елеци со додатоци, за што е овластен само управителот, со што прибавил за себе, а на штета на фирмата сума од 7.833.375,00денари и плус дополнително ќе се утврди штета за вториот договор.

Лицето И.С поранешен управител на фирмата Композитна Опрема ДООЕЛ Прилеп до 31.10.2017, на ден 31.10.2017 поднесол неотповиклива оставка која на ден 05.12.2017 била внесена и спроведена во Централен Регистер на РМ со Решение ,а притоа доставил писмено барање со кое бара стечајниот управник да донесе одлука за промена на управител на фирмата и да го именува пријавениот Т.Д за управител.

И.С исто така на ден 06.09.2018 во својство на управител на фирмата донесол Одлука со која го овластил пријавениот, да ги презема сите активности во име и за сметка на фирмата за период од 11.09.2017 – 13.10.2017, и во таа одлука било предвидено И.С да ги врати печатот и штембилот од Друштвото и истите да ги задолжи пријавениот. И покрај барањето, Управител на фирмата бил назнечен дури на 03.05.2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This