April 26, 2024, 10:33 am

ФPИЗУPAТA ВЕ OТKРИВA: Штo знaчaт шишкитe, а што знaчи пyштeнa кoсa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фризурата ја избираме такашто ни одговара на обликот на лицeтo и телесната конституција, но и како индивидуално си се допаѓаме повеќе.

Долга и рамна коса

Вие сте личност која обожава своите замисли да ги спроведува на дело. Амбициозни сте, би биле добар тим лидер или шеф во компанија. Уживате во тоа да ставите точка на секоја започната работа, откако успешно е завршена.

Виткана коса

Текстурата на косата открива и дека има многу слоеви на вашиот карактер, кои генерално се засновани на сочувствителност и добрина. Сакате да бидете личност од акција и да постигнете вистинска хармонија, такашто ќе им помагате на другите околу вас.

Разбушавена пунџа

Вие сте личност која има релаксиран пристап на животот, а во исто време и формален. Лесно умеете да балансирате меѓу пpeдизвицитe, сакате да фантазирате, а во исто време сте и одговорна личност. Креативни сте, а и фокусирани.

Коса шишана на степени

Вие сте спонтана и безгрижна личност, забавна, паметна, харизматична, но и некогаш реагирате импулсивно. Некои одлуки многу ги размислувате, а други ги носите крајно брзоплето, па понекогаш се каете поради тоа.

Шишки

Вие сте мистериозна личност, која длабоко во себе е срамежлива. Интровертни сте, но тоа не значи и дека сте непријателски настроени, напротив, би сакале да имате уште повеќе пријатели и познаници. Дури откако некој ќе ви стане пријател, се чувствувате бeзбeднo да се отворите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This