Фpчaт огласи: Се вработyва сѐ, освен медицински кадар…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фрчат огласи за нови вработувања. Државата тоне, се поголем број на луѓе остануваат без работа од приватниот сектор, а долгот надминува над 60 проценти од БДП, власта наместо да кратки трошоци објавува огласи за нови партиски вработувања во државата и јавна администрација.

Од архивар, советници, соработници, помлади соработници, помлад инспектор, главен инспектор, се до шалтерни работници. Ова се работните позиции кои деновиве ги бараат државните и јавните институции. Во нив се нуди плата од 18.762 денари, па се до 37.631 денари за повисоките работни позиции.

Министерството за економија има потреба од еден државен службеник на позицијата соетник за следње на потрошувачката политика со ЕУ, со нето плата од 26.253 денари.

Агенцијата за супервизија и осигурување вработува еден државен службеник на позицијата соработник за лиценцирање со нето плата од 36.975 денари.

Еден државен службеник на позицијата соработник за спроведување на ИПА програми вработува Министерството за локална самоуправа со плата о 23.613 денари.

Тројца државни советници, од кој еден на позицијата помлад инспектор за девизно и надворешно трговско работење, еден помлад соработник за девизни прекршоци и нормативни работи, и еден помлад соработник за анлитика и статистика на девизните прекршоци, вработува Министерството за финансии, а нето платат за сите три позиции изнесува исто по 22.020 денари.

Еден главен инспектор односно раководите на сектор за превенција и инспекциски надзор на културно наследство со завршени студии на насоката Историја на уметност со архиеолог, бара министерството за култура со нето плата 37.631 денари.

Во време кога државата се соочува со дефицит од медицински персонал, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фербилни состојби наместо медицински и здравствени работници кои ќе помогнат за спречување на КОВИД 19 пандемијата, објавува оглас за вработување на 5 јавни службеници и тоа за позициите референти администратори шалтерски рабоници со нето плата од 19.600 денари.

Но, ова не се единствени огласи, имено претходно преку Агенцијата за вработување се објавија над 160 нови огласи за вработување на државни и јавни службеници и тоа не само централната власт туку и локалните власти, а според експертите објавување на нови огласи кога земјата се соочува со економска и здравствена криза значи дека овие огласи се објавени во најголем дел за партиски војници кои што утре ќе се регрутираат во едно гласачко тело.

За потсетување на јавноста, власта на СДСМ претходно во опозиција често пати преку прес конференции ја обвинуваше тогашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека врши партизирање на институциите, но се поочигледно е дека сега го прави истото, односно наместо професионални и институции со високо квалификуван кандар во служба на граѓаните, истите ги партизира преку вработување на партиски и нестручни кадри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This