Хавански cиндpoм: Кој ги зpaчи американските дипломати? -20-тина појавиле симптomи во Виена, голем број има и шиpyм светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на САД истражува низа здравствени инциденти во главниот град на Австрија Виена, кои вклучуваат нејзини дипломати и друг персонал во администрацијата.

Повеќе од 20 службеници пријавија симптоми слични на Хаванскиот синдром – мистериозна болест на мозокот – откако претседателот eо Бајден ја презеде функцијата во јануари.

Синдромот е необјаснет, но американските научници велат дека најверојатно е предизвикан од насочена микробранова радијација.

Првите случаи се забекежани во Куба во 2016-17 година.

Американски и канадски дипломати во Хавана се пожалија на симптоми на вртоглавица, губење на рамнотежа, губење на слухот и вознемиреност од нешто што тие го опишаа како „когнитивна магла“.

САД ја обвинија Куба дека извршила „звучни напади“, кои силно ги негираше официјална Хавана, а инцидентот доведе до зголемена тензија меѓу двете нации.

Академско истражување во САД од 2019 година откри „абнормалности во мозокот“ кај дипломатите кои се разболеле, но Куба го отфрли извештајот.

Случаите во Виена првпат излегоа на виделина во магазинот „Њујоркер“ во петокот, а подоцна беа потврдени од американскиот Стејт департмент, кој рече дека „енергично истражува“.

Ројтерс цитираше изјава на австриското Министерство за надворешни работи во која се вели дека „работи со американските власти за заедничко откривање на изворот на проблемот.

Виена долго време беше центар за дипломатска активност и имаше репутација на жариште за шпионажа, особено за време на Студената војна.

Земји како САД имаат големо дипломатско присуство таму.

Во градот во моментов се одржуваат индиректни разговори меѓу Иран и САД за обидите за воскреснување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Случаи се пријавени и на други места во светот, но американски официјални лица велат дека бројките во Виена се поголеми отколку во кој било друг град, освен во Хавана.

Во јуни, државниот секретар на САД, Антониј Блинкен, објави широк извештај за причините за болеста.

Извор: Би-Би-Си

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This