ХАЗБИ ЛИКА БОЈКОТИРА: Поранешниот командант на УЧК не се појави на прославата на 17 годишнината од Ракмовниот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надлежниот за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор- министерот Хазби Лика, денеска не беше дел од програмата за одбележување на 17-годишнината од потпишувањето. Наместо него, во главна улога се појави вицепремиерот Бујар Османи задолжен за евроинтеграции, па без особено навраќање на војната од 2001-та, го искористи моментот да говори за важноста на евроинтегративниот пат, па токму така тематски го најави и настанот, „Патот преку Охрид до Брисел“.

Владата прави паралела на рамката од пред 17-години, па ја споија со новата „рамка за името“ и договорот со Грција. Премиерот си ја искористи приликата да се правда за договореното со јужниот сосед.

Опозицискиот лидер Мицковски вели дека се уште се свежи сеќавањата и загубите од неколкумесечниот воен конфликт, па вели дека актуелната власт треба да се грижи за подобар стандард за народот, наместо распределбата на тендери меѓу своите.

Првиот интегративец пак, Ахмети, истакна дека во минатото дури и најголемите оптимисти не размислувале дека по 17 години Македонија ќе биде пример за решавање на конфликти и за тоа како конфликтните ситуации се трансформираат во дијалог.

Ниту единствените преживеани потписници на Договорот од Охрид, тогашните први луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Љубчо Ѓоргиевски и Бранко Црвенковски иако биле поканети не дојдоа на одбележувањето на годишнината од рамковниот договор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This