ХАЗБИ ЛИКА ПРАВИ ТРАНСФЕР: Цела фракција на ДУИ ќе се префрли во партијата на Зиајдин Села – Ахмети ја губи контролата врз ДУИ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари и поранешниот заменик шеф на ДУИ, Рафиз Алити реагираа на промена на Хазби Лика од позицијата на организациски секретар во ДУИ


Изборот на Атила Реџепи за генерален секретар и Артан Груби за организациски секретар во ДУИ предизвика турбуленција во владејачката ДУИ. Реџепи доаѓа до местото на Абдилаќим Адеми, а Груби на позицијата на Лика.


Алмакос од извори во ДУИ дознава дека иако во јавноста се тврди дека овие промени поминале непречено, на состанокот на претседателството имало голема напнатост во дискусиите на партијата за нејзиното понатамошно лансирање.

Информациите на Алмакос велат дека од „Алијансата за Албанците “ веќе стапиле во контакт со Лика и дека досега разговорите се одвиваат позитивно, а можна е и соработка. Некои извори во ДУИ додаваат дека Хазби Лика е многу близу до трансфер во партијата на Зијадин Села.

Не е познато колку луѓе Хазби Лика би можел да „повлече“ со себе, но едно е сигурно, додаваат од Алмакос – Али Ахмети ја губи контролата врз партијата.
Инаку, Лика, по напуштањето на функцијата организационен секретар, прашање на време кога ќе ја напушти и вицепремиерската функција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This