ХАКЕРСКАТА ГРУПА „АНОНИМУСИ“ ОТКРИЈА НОВА АФЕРА: Велика Британија се мешала во внатрешните работи на држави низ светот – сценирале обоени револуции и aтeнтати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мејнстрим медиумите и политичарите од Западот најверојатно ќе ја заташкаат аферата која изби кога хакерската група „Анонимус“ објави податоци за мешањето на Велика Британија во внатрешните работи на други држави, додека во остатокот од светот недовербата кон Западот се повеќе ќе се зголемува

Хакерите од групата „Анонимус“ обелоденија податоци кои покажуваат дека Велика Британија спроведува акции кои доста лесно би можеле да се окарактеризраат како мешање во работите на други држажви.

Случајот „Скрипаљ“, „руско мешање“ и „малигното влијание“ попримаат сосема друга димензија ако во обзир се земат податоците за активностите на Институтот за државна управа, неговиот директор Кристофер Донели, како и проектот на овој инстут под назив „Интегрити инишијатив“.

Испаѓа дека се што е пуштено во јавност, како и сведочењата пред Долниот дом на британскиот парламент потекнало од кујната на Донели.

По аферата „Викиликс“ и „Сноуден“, ова е, иако по обем помала, можеби најзначајна афера на „протеквуање“ на доверливи податоци кои покажуваат како една западна земја води хибридна војна.

Сличноста со претходните случаи, актуелната афера ја дели и по уште нешто – ќе биде заташкана, е мислењето на аналитичарот Душан Пророковиќ. Во аферата „Сноуден“, објавени се многу значајни податоци за мешањето на Америка во обоени револуции и шпионирање на сојузниците.

„Гледаме дека главнио тек, таканаречен мејнстрим на Западот, и медијски и политичку успеа да амортизира се она што Сонуден изнесе. Претпоставувам дека ќе биде слично и со Анонимуси – медиумите со ова ќе се бават неколку дена, а потоа се оди по обичај, турнато под тепих. Што се однесува на незападниот дел од светот, ова ќе остави и тоа какви последици и веројатно ќе влијае на подигање на недовербата и кај Русија, Кина и Индија, но и низа други држави кон САД и Велика Британија“, смета Пророковиќ.

Аферата која ја открија „Анонимуси“ треба да се набљудува во контекст на хибридна војна која Западот ја води против Русија, додава тој, во што предничи Велика Британија.

„Беше донекаде и воочливо дека многу тоа шкрипи во случајот Скрипаљ. Ме чуди зошто, еве сега кога е објавено, дека случајот се подготвувал повеќе од година дена. Ако е толку долго подготвуван, тогаш коцките морало многу подобро да се сложат отколку ова што е направено. Претпоставувам дека во некои други ситуации, кризни моменти во претходните дена, има вмешано и прсти на западните разузнавачки служби, пред се тука мислам на соборувањето на малезискиот патнички авион над Донбас на почетокот на украинската криза. Очекувам дека Анонимуси или некои други хакери тоа ќе го откријат во наредните години, а тогаш историската слика за сите настани ќе стане сосема друга“, заклучува Пророковиќ.
.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This