Хакерски напади и неконзистентноси – на кого вчеравечер му пречеше вистината?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден веб страницата на Инфомакс беше мета на масовен хакерски напад, напад кој чини на црниот пазар илјадници евра. Хакерскиот напад врз Инфомакс ја блокираше нашата страница во текот на целиот ден, а изворот на нападот барем за нас остана непонзат.

Веднаш по 21 часот до нашата редакција почнаа да пристигнуваат неофицијални резултати кои укажуваа на одличен успех на опозицијата на изборите ширум државата, резултати кои на крајот се покажаа како точни, но нашите корисници поради нападот имаа проблем да ја отворат нашата страница.

Покрај сајтот на Инфомакс мета на хакерски напад беше и официјалната страница на ДИК каде се прикажуваат официјалните резултати, но и најголемиот агрегатор на вести во Македонија, Тајм.мк.

Трите хакерски напади имаа едно нешто заедничко, а тоа во случајов е „оружјето“, „DDOS“ напад кој што се базира на масивен број на моментални барања за посета на страницата, во случајот со Тајм.мк, Инфомакс и rezultati.sec.mk барањата за посета достигнуваа до 3 милиони во даден момент.

Сето ова укажува на тоа дека на некој вчеравечер му пречело да се дознае виситинската бројка на гласачи и гласови на предвремените парламентарни избори како и сите нерегуларности во текот на вчерашниот ден.

Според извори на СДК компјутерската фирма „Дуна“ која што го добила поништениот тендер за набавка на софтвер за веб сајтот на Државната изборна комисија, не потпишала Изјава за сериозност, ниту пак ги исполнила трите минимални услови, според жалбата што ја прифати Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Државната изборна комисија објави оглас за јавната набавка на 12 февруари 2020, а до крајниот рок на 16 март 2020 понуди доставиле фирмите „Дуна“ и „Ај Воут“, која го правела софтверот за сите претходни избори од 2006 до 2019. Комисијата за јавни набавки во ДИК на 24 април предложила на тендерот да биде избрана „Дуна“ и предлогот бил прифатен од одговорното лице во ДИК. Незадоволни од одлуката, „АјВоут“ истиот ден поднеле жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки, која што жалбата ја оцени како основана и го поништила тендерот.

Трите услови кои ДУНА не ги исполнила се следниве:

– Економскиот оператор треба да има најмалку 3 референци од успешни имплементации на софтверски проекти со сличен предмет, обем и функционалности како предметот на оваа јавна набавка

– Економскиот оператор треба да има најмалку 1 референца од успешни имплементации на софтверски проекти преку мобилен уред и приказ на внесените податоци преку динамичка јавна веб страна со најмалку 50.000,00 прегледи на страни во период од еден час

– Економскиот оператор треба да има вработено или ангажирано проектен тим со проектен менаџер, софтверски архитект и главен развивач на софтвер со искуство од најмалку 2 успешни имплементации на софтверски проекти.

Извори на Канал 5 телевизија велат дека над 80 илјади гласови на предвремените парламентарни избори погрешно биле распределни на онлјан системот за следење резултати, да повториме 80 илјади гласови. Дополнително кај резултатите има низа на неконзистентности како на пример победа на ДУИ во Вевчани и Алијанса во Ново Село, победа на СДСМ на избирачки места во Кисела Вода каде според официјалните записници победник е ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ за изборен фалсификат обвини и Левица која влезе во парламентот со 2 пратеника, а притоа обвинувини дека преку различни манипулации во Државната Изборна комисија им се одземени 3 мандати.

Се чека на ДИК во текот на денешниот ден да ги објави и официјалните резултати за македонската јавноста да разбере кој навистина победи, а кој изгуби вчера.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This