ХАКЕР ОД ШТИП ДЕЛ ОД НАЈПОЗНАТАТА КРИМИНАЛНА ГРУПА: Штипјанецот Марко „Леопард“ ги испразни сметките на Американците за 530 милиони долари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваест и осум годишен штипјанец Марко Леопард од американското Министерство за правда е обвинет дека е член на „Инфрауд“, досега најголемата откриена сајбер криминална организација во светот, која преку кражби на идентитети, кредитни картички, финансиски и банкарски информации успеала на нелегален начин да извлече 530 милиони долари од сметки на граѓани од целиот свет.

Информацијата официјално е објавена на веб страната на американското Министерство за правда на 7-ми февруари. Во неа се вели дека мозок на 36-члената организација бил Свјатослав Бондаренко од Украина, а биле вклучени хакери од Пакистан, Англија, Украина, Египет, Косово, Австралија, Молдавија, Украина, Америка. Како што стои на страната на Министерството за правда на САД, оваа акција е опишана како една од најголемите сајбер истраги направени до сега.

Според досегашната истрага, под слоганот “Во измама веруваме”, организацијата го насочува сообраќајот и потенцијалните купувачи на автоматски сајтови на нејзините членови, што служат како онлајн канали за сообраќај во украдени средства за идентификација, финансиски и банкарски информации, малициозен софтвер и други недозволена стока. Организацијата Инфрауд исто така, обезбедувала трансфер услуга за олеснување на нелегалните трансакции на дигитални валути меѓу нејзините членови и вработени,кои наводно обезбедувале само висококвалитетни добавувачи на украдени картички и информации за лична идентификација.

Според обвинението, Инфрауд организацијата била формирана во 2010, а штипјанецот и се приклучил една година подоцна.

Сите членови во организацијата имале дефинирани улоги во хиерархијата на организацијата. На чело биле администратори, а штипјанецот Леопард бил последен во мрежата и негова задача била успешно да ги крие трагите на хакерите.

Штипјанецот, кој работел под прекарот Леопард.мк, е уапсен надвор од Македонија, што е негово второ меѓународно апсење за компјутерска измама. Нему за исто вакво дело пред неколку години му се судело во БиХ каде што бил осуден на ефективна затворска казна.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This