April 26, 2024, 12:12 pm

„Хамас ќе плати висока цена“: Израелскиот премиер Нетанјаху се обрати пред граѓаните по pakeтирањето на Тел Авив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поддржувачите на Хамас и „Исламскиот џихад“ ќе плаќаат висока цена за своите постапки, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на обраќањето пред граѓаните.

“Ние сме среде битка. Вчера и денес армијата изврши напад врз стотици цели од страна на Хамас и Исламскиот џихад. Беа убиени десетици команданти, вклучително и високи воени претставници. Ние продолжуваме да извршуваме напади. Имавме состанок и донесовме одлука. Хамас ќе плати, висока цена за одлуката за гранатирање на израелска територија. За оваа битка ќе треба време и трпение”, изјави Нетанјаху.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц додаде дека нападот врз Појасот Газа е „само почеток“.

Началникот на Генералштабот на Израел, Авив Кохави, објави дека е подготвен да ги прошири операциите во Појасот Газа, доколку е потребно.

„CЌе продолжиме да ги извршуваме нападите и нема да оставиме жив тунел (кој палестинските екстремисти го користат за да го нападнат Израел)“, рече Кохави.

Судирот меѓу израелската армија и Хамас кулминираше вечерва со ракетни напади врз израелскиот главен град Тел Авив, што ги исполни заканите на Хамас, кој предупредуваше со ракети ако продолжат нападите врз Газа. Штрајковите врз Газа продолжија и по ракетирањето на Тел Авив, кое во моментов ги санира последиците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This