ХАН ЗАВРШИ СО СРЕДБИТЕ: Еврокомесарот се сретна со сите лидери на парламентарните партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе информира преку соопштение!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вечерва во Собранието на Република Македонија ги заврши средбите со лидерите на политичките партии кои освоија мандати во Парламентот на предвремените избори одржани на 11 декември минатата година.

han-sredbi
Хан ја почна серијата средби со лидерот на Беса, Билал Касами, по што имаше одделни разговори и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со Мендух Тачи од ДПА, со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со лидерот на СДСМ Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

По средбите со Хан претставниците на Беса, Алијансата на Албанците, ДПА, ДУИ и на СДСМ во изјава за медиумите истакнаа дека со еврокомесарот разговарале за актуелната политичка ситуација во Македонија и за нивните ставови во врска со формирањето на новата Влада. За средбата Груевски – Хан, како што најави пратеникот Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе информира преку партиско соопштение.
Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва останува во Скопје и утре изутрина треба да има средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Се очекува пред заминувањето од Македонија, Хан да ја информира јавноста за своите видувања од средбите со македонските политички претставници.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This