ХАН НЕ ДАВА ИЗБОРИ: Време било за реформи, Северна не билa единствениот предуслов за напредок на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спорот за името не е единствениот услов за почеток на преговори со Европската Унија и фокусот треба да биде сега врз реформите, а не врз можни предвремени избори, вели во интервју со дописничката на МИА во Брисел, еврокомесарот Јоханес Хан. Одлуката за предвремени избори, како што посочува Хан, е суверена, но негов „скромен совет“, како што додава е „воздржување од сите други идеи“.

Тој не се согласува со ставот на одредени луѓе дека сега е добар момент за предвремени избори, затоа што, како што посочува „нема многу време до следниот извештај на Европската Комисија“.

–Земјата треба да го искористи овој многу позитивен момент создаден од Преспанскиот договор затоа што нашата цел е да се добие одлуката на лето и навистина да се отворат првите поглавја до крајот на годината. И ова може да се постигне само ако сите навистина се ангажирани да го направат потребниот напредок. Сега кога прашањето за името е на добар пат да биде решено благодарение на одлучноста на лидерите и одговорното однесување на пратениците кои гласаа за договорот, напорите треба да се фокусираат на реформите посебно во владеењето на правото, вели Хан во интервјуто за МИА.
Според него, ова не само што ќе ги убеди земјите членки, туку е и во интерес на граѓаните кои имаат потреба да видат конкретни бенефити сега. – Очекувам од сите политички сили сега, вклучително и најголемата опозициска партија да го поддржат овој процес, подвлекува Хан.

Сепак, како што нагласува Хан, за Македонија одлуката за старт на преговори сѐ уште не е гарантирана додека не се испорачаат клучните реформи побарани од страна на ЕУ минатиот јуни, посебно реформата на разузнавачките служби, борбата против корупцијата и реформата на судството.

Во тој контекст, комесарот Јоханес Хан вели дека ги слуша критиките околу процесот на амнестија и смета дека сѐ треба да биде разгледано. Тој истакнува дека оние кои сториле криминал треба да одговараат пред органите на правдата. Меѓутоа, тој бара да не се изгуби од вид важноста на процесот на помирување.

–Мислам дека иницијативата на сегашната Влада е дел од помирувањето и како таква треба да биде поздравена. Се разбира владеењето на правото треба да биде почитувано и колку што знам ова е обезбедено и не е општа амнестија, и оние кои сториле сериозен криминал ќе одговараат, истакнува Хан.
Доколку Македонија не потфрли во делот на реформите, Хан верува дека земјите членки ќе го оддадат должното признание за спорот за името во форма на датум за преговори.

–Се надевам и речиси сум убеден дека ќе имаме ситуација каде сите земји членки ќе го испочитуваат овој успех. Затоа што станува збор за решавање на 27-годишен спор и нема многу слични случаи во целиот свет каде вака долги спорови биле решени на ваков начин, со почит за интересите на двете страни. Имаме уште еден случај, а тоа е мировниот договор меѓу Еритреја и Етиопија. Но, овој конфликт траеше уште подолго, речиси три декади. Така што сигурен сум дека нашите земји членки ќе го препознаат овој историски успех ако е придружен од реформски напори, истакнува Хан.
Судејќи по сериозната реформска посветеност на Владата, Хан вели дека е уверен оти земјите членки ќе го препознаат добриот напредок направен. – Како што секогаш велам: „ако нашите земји партнери исполнат и ЕУ треба да исполни“, дотолку повеќе што интеграцијата на Западниот Балкан е во самиот интерес на ЕУ, рече Хан за МИА.

Тој се надева дека последните случувања во Грција нема негативно да се одразат врз Преспанскиот договор, и е силно уверен дека тој ќе помине од грчка страна.

-Одлуката што треба да ја донесе грчкиот Парламент неделава, се разбира, е суверена одлука. Но се надевам и верувам дека последниот чекор во решавањето на овој долг спор може да биде направен бидејќи толку многу напори веќе беа инвестирани. Притоа, овој договор е од бенефит за целиот регион, вклучително и соседните ЕУ земји членки и се разбира, пред сѐ, Грција, нагласува тој.
Во интервјуто, Хан говори и за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Ова, вели тој, е настан кој не му се допаѓа и отвора сомнеж со можна вмешаност на соседните држави во целиот процес.

-Им реков на сите колеги во регионот, затоа што ова беше не само меѓу вашата земја и Унгарија, затоа што ако ја гледате рутата на бегството, патот не беше директен, туку низ регионот и ова е некаков регионална соработка која не ми се допаѓа, изјави Хан за МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This