ХАН ЈА ИСКАРА КАТИЦА: СЈО треба да се прибере и да си ја работи работата професионално!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во присуство на 14 соросоидни невладини организации, како единствен исклучок од тој амбиент, Ивона Талевска како претставник на МАН, побара од европскиот амбасадор и од комесарот Хан да поведат сметка за СЈО, бидејќи сите нивни постапки се партиски и во полза на СДСМ и сите нивни цели се оние кои Заев јавно ги посочува како свои најголеми непријатели заради што СЈО нема ни поддршка ни доверба во јавноста, а освен тоа СЈО почна да прогонува и новинари и упаѓа во медиуми, што е сосема спротивно на она што Хан и ЕУ сакаат да го прикажат како мисија на СЈО

han_sredba

Важно е изборите да бидат добро подготвени и изведени на начин на кој никој не ќе може да ги критикува. Но, изборите не се се. Тие се темел за враќање на земјата на патот кон евроинтеграциите, но важно е да се работи и на имплементирање на препораките на Прибе, изјави еврокомесарот Јоханес Хан по завршувањето на средбите во Скопје.
Изборите, според него, се добар чекор ако бидат исполнети сите услови за кредибилно и слободно гласање. Но, изборите, вели, се само прв чекор. Политичките партии мора да соработуваат за имплементација на итните реформски приоритети, порача Хан и посочува оти ќе биде воспоставен план со прецизни рокови за следење и поттикнување на процесот на имплементација.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Изборите се важни, веќе имаме две години на политичка нестабилност. Тоа не беше добро за земјата оти последиците се веќе присутни во однос на економијата. Постојат компликации во регионот, но важно е да се фокусираме на тоа што е потребно, а тоа е да работиме за доброто на граѓаните на оваа земја, рече еврокомесарот Хан.

 

[/kopa_block_quote]

Да нема изговори по избори

Комесарот за преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан претпладнето се сретна со премиерот Емил Димитриев, со лидерите на ДПА и ДУИ Мендух Тачи и Али Ахмети, а попладнето разговараше и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и комесарот за европска, соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан на средбата констатирале дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски посочил дека изборите се единствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите политички субјекти, стои во соопштението испратено по средбата.
Сите политички партии и институции, вклучувајќи го и Собранието на Република Македонија, да ја испочитуваат обврската за слободни, фер и регуларни избори на 11 декември, се согласиле на средбата претседателот на СДСМ, Зоран Заев и комесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, соопштија од СДСМ по средбата.
Еврокомесарот Хан по средбите не даде изјави, но на Твитер напиша дека со Ахмети и со Тачи имал добри и успешни средби и оти разговарале за условите за одржување кредибилни избори и за меѓуетничките односи.
-За да се усвојат нови закони, треба да се прават и нови договори, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање дали Собранието ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО. Ахмети е дециден дека за сето тоа, сепак, нема време.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи информира дека разговарале за изборите закажани на 11 декември и дали се исполнети условите за нивно одржување.

gruevski-han2-640x348

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Мојот став е дека дел од условите за изборите се исполнети. Но, кога ќе се објават официјалните резултати, ако има еден факт што потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги повториле работите од минатите избори, ние ќе ги прогласиме за невалидни и нема да ги признаеме, изјави Тачи.

 

[/kopa_block_quote]

Хан имаше средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. За средбата со Јанева, Хан на Твитер објави дека го брифирала за работата на СЈО и оти функционирањето на оваа институција е важно за натамошното зацврстување на владеењето на правото.

-Во однос на Специјалното јавно обвинителство, истакна дека е важно тоа да биде оставено да ја работи својата работа непристрасно и професионално. Важно е, додаде, СЈО да ги искористи сите можности и да се видат резултати од неговото функционирање и да не се злоупотреби неговата работа.
Целта на посетата на еврокомесарот, како што претходно соопштија од Европската комисија, е “да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во однос на организирањето на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на итните реформски приоритети”.
Пред посетата на Македонија, еврокомесарот Хан испрати порака дека е “важно условите за одржување на веродостојни избори да бидат исполнети”.

Агендата во Македонија еврокомесарот ја почна на средба со граѓански претставници, кои ги искажале своите ставови во однос на тоа како треба да се реши политичката криза.

“Европската Унија да повнимава на Специјалното јавно обвинителство кое работи по политичка агенда на СДСМ и Зоран Заев, откако тој јавно ја објави неговата листа непријатели, по која СЈО почна да ги води хајките против една политичка опција и против медиуми кои не се под контрола на опозицијата”, рече Ивона Талеска во име на МАН, барајќи од комесарот да го дисциплинира СЈО.

Еврокомесарот Хан на средбата ги повторил препораките дека изборите во декември, за кои, како што рече, се исполнети условите за одржување, се добар чекор, но и дека се само почеток на процесот на решавање на кризата.
Хан порача дека е неопходно да се спроведат и реформските приоритети за да може земјата да се врати на европскиот колосек.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This