ХАН ЌЕ ЈА ШИРИ: Сеуште нема договор меѓу партиите за состав на нова Влада, се чека еврокомесарот за проширување да ја прошири!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се засилуваат внатрепартиските консултации и состаноци во исчекување на утрешното пристигнување на еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој како што соопштуваат од службата за односи со јавност, ќе присуствува на состанокот за енергетика, а на маргините ќе разговара со лидерите на политичките партии кои имаат освоено пратеници во Собранието на Р.Македонија

nova-fasada-na-vlada-3

Последната информација за помрднување во преговорите за состав на нова Влада, односно обезбедување поддршка од 61 пратенички потпис, дојде од портпаролот на ДУИ Артан Груби, кој изјави дека доколку СДСМ ја прифати „албанската платформа“ тогаш не гледа никаков проблем во формирање на нова влада.

Претходно, лидерот на победничката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на состанокот со претставничката на ОБСЕ во Македонија Нина Соумалаинен пренел дека секој кој ќе формира влада, а со тоа ќе го заобиколи изборот на мнозинството ќе се соочи со проблеми.

„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во законскиот рок од 20 дена кои ги имаше победничката партија и лидерот и мандатар Никола Груевски, не беше постигнат договор за формирање на владина коалиција со ДУИ, откако ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на албанската партија, во кој клучна беше поддршката за т.н. „албанска платформа“, во која се застапени барања за двојазичност и ослободување на осудени терористи и убијци.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, на Бихаќка веќе се разгледува предлогот на ДУИ, од каде порачаа дека доколку СДСМ ја прифати платформата тогаш нема да има никаков проблем во формирањето на владината коалиција.

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи по средбата со претставниците на СДСМ рече дека на маса ги доставиле нивните барања. Не сакаше да каже ништо повеќе во врска со средбата единствено кажа дека имале конструктивни разговори и дека сепак последниот збор го има претседателството.

Секако, со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Скопје, лидерите ќе мора да разговараат за политичката состојба.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, рече дека очекува посетата на еврокомесарот Хан, да ја потврди изборната волја за промени.

„Од посетата на Хан очекуваме да се потврди дека Македонија, по изборите на 11-ти декември, треба да добие политичка влада која ќе ги спроведе неопходните реформи“, вели Шилегов.

Европската унија очекува Влада со широка поддршка во парламентот за да остане земјата на евроатлантскиот пат, порака од Брисел што ја повтори и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This