ХАОСОТ И РАЗОЧАРАНОСТА ВО СДС КАКО РЕЗУЛТАТ НА НЕСПОСОБНОСТА: Рејтингот на СДС и Заев во слободен пад поради разочараноста на членството!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хаосот и неспособноста продуцирана од владата предизвика вртоглав пад на рејтингот и довербата на СДСМ кај граѓаните. Тоа вчера го констатирае анкетата на Павел Шатев а денес тоа го пишуваат и експонентите на СДСМ и нивните главни подржувачи

Драмата низ којашто поминува СДСМ три месеци по формирањето на Владата е драмата на нивната кадровска политика, пишува Сашо Ордановски, една од главните медиумски перјаници на СДСМ.

Човекот кој жестоко го бранеше Зоран заев и врвот на партијата, излегува со остра критика и посочува дека во СДСМ се случува драма.

Ордановски во колумната објавена на ПлусИнфо пишува дека незадоволството од СДСМ кај јавноста е огромно.

-По стотина дена на власт, незадоволството од кадровската политика што, низ меѓусебните преговори, ја водат Заев и Шекеринска (а потоа и со целата владејачка коалициска какофонија) е големо: во разни ешалони на партијата им врие, јавноста се забавува или се иритира со разни прва-рикверц кадровски решенија и на важни и на помалку важни места, во цели сектори (во здравството, на пример) разочарувањето е речиси превладувачко чувство, пишува тој.

Особено става акцент на битката која ќе се води за град Скопје на претстојните локални избори.– Коце, ако јас се прашувам, би можел и дома да си ја отседи целата изборна кампања, оти неговиот ментален склоп и лопата-периметар се познати до болни детали. Вака, наместо да се занимаваме со евентуалните градски светогледи на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, јавноста целата изборна кампања веројатно ќе ја помине во валкани препукувања по социјалните мрежи, шпекулирајќи за внатрепартиските кујни во владејачката партија. Тој, лош, филм во СДСМ го гледаме веќе триесетина години, пишува Ордановски.

Според анкетата на „Павел Шатев“, ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Повеќе од половина од испитаните граѓани, 52.1.процент, одговориле дека не се задоволни од досегашната работа на новата Влада.

30.9. проценти сметаат дека неспособноста е главната карактеристика на новиот тим на „Илинденска“, додека за 15.3 проценти од анкетираните тие ја продале државата.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Златко Ориѓански искажува огромно незадоволство од работата на Владата предводена од Зоран Заев. Според него, министрите се неспособни, изгубени и не знаат на која работа се нафатиле.

Ориѓански на Заев и на останатите актуелни функционери им порачува дека држава се прави со работа, ред, дисциплона, план, систем и малку сила, а не се безредие и хаос во сите области.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This