March 28, 2024, 11:06 pm

„Хаос“ во Ирска е благ збор – илјадници нови случаи на ковид-19 дневно во болниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ирска се соочува со потенцијално најдолгата блокада од почетокот на пандемијата на коронавирусите, бидејќи здравствениот систем се бори да се справи со илјадници нови случаи на инфекција.

Ирската влада ќе дозволи само училиштата и градежниот сектор да се отворат пред март, објави Даблин Индепендент во Даблин, а пренесе и британски Гардијан.

Владин извор наведува дека има 50 проценти шанса да започнат со мерки за олеснување во секторот за образование и градежништво следниот месец. Во посебен извештај, Гардијан наведува дека повеќе од 100 лица се казнети за кршење на ограничувачките мерки за патувања викендов во округот Виклов, кој се граничи со Даблин, главниот град на Ирска.

До четврток, бројот на казни низ целата земја беше скоро тројно зголемен, а тој број скокна за време на викендот, бидејќи многумина одат во Даблин на неработни денови. Ирската полиција внимателно го следи округот Виклов, со цел да ги спречи луѓето да вежбаат, бидејќи една рестриктивна мерка вели дека никој не може да оди повеќе од пет километри од дома без посебна дозвола. Казните за кршење на оваа мерка изнесуваат 100 евра

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This