ХАОС ВО СКОПЈЕ: Граѓаните пазарат како да се спремаат за апокалипса-зошто веќе еднаш не признаат дека не ги бива?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гужви, турканици, нервозни лица, многу пцовки – вака изгледаат денеска улиците низ Скопје, каде граѓаните се обидуваат да се подготват за престојниот продолжен викенд под клуч. Подоцна се очекуваат и гужви по патарините, на сите оние што ќе одлучат да избегаат од главниот град пред полицискиот час.

Апокалипсата што нè чека после овие последни бесмилени и контрадикторни мерки на јасна ѝ е на цела јавност. Само не и на луѓето околу Зоран Заев.

Според него, неговиот технички премиер кој пола вонредна состојба ја помина во карантин, неговиот послушник Филипче и жедниот за фотеља Караџовски – сè e под контрола.

Резултатите од справувањето со кризата од страна на владата на СДСМ се мери во бројки. Тие вчера изнесуваа четворица починати и 101 новозаболен. Денеска таа бројка е најмалку 120 потврдени новозаболени, а двајца починати

Вкупно 147 загубени животи, над 2.611 заболени.

А, тие не се тргаат од нивното зацртано – избори на 5 јули. Доколку не се откриеше болеста кај потпретседателот на партијата Мухамед Зекири, немаше да се открие ни дека Сања Лукаревска е позитивна на ковид-19, бидејќи како што кажа, нема никакви симптоми.

Во тој случај, СДСМ ќе продолжеа да шетаат по градовите, да се мешаат меѓу граѓаните и да шират корона. Под изговор дека делат информативни флаери и маски, тие делеа памфлети со тоа колку успешно се справуваат со вирусот и маски со партиски ознаки од коалициајта „Можеме“. Под името „координативни средби“, пак водеа активна политичка кампања во време кога тоа е забрането со уредба.

Поради ова, Левица, денес поднесе официјален приговор до ДИК против коалицијата „Можеме“ за противзаконски предвремен почеток на изборната кампања минатата сабота кога, во услови на пикот на пандемијата, заразени функционери на СДС со коронавирус, противзаконски делеа флаери во Куманово, Битола, Аеродром и други места ширум Македонија.

СДС на Нашата Земја станува најголемиот непријател на вашето физичко постоење, коментира професорот Димитар Апасиев.

Според Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, пак, СДСМ правеа сè за да создадат атмосфера за избори, упорно сакаа да ја релаксираат ситуацијата и мислеа дека тоа глатко ќе им помине. Но, резултатот го гледаме.

Зошто граѓаните мора да ја плаќаат цената за вашата неспособност? Зошто еднаш не признаете дека не ве бидува кога тоа цел свет го гледа и говори? Зошто ги лажете граѓаните дека се е под контрола, кога реално ништо не е така.

Филипче, од тебе бараме одговорност за овој хаос!

Одважете се пред граѓаните, признајте дека многу погрешите, порача Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This