April 26, 2024, 10:43 pm

ХАОС ВО ШВАЈЦАРИЈА: Со солзавец и водени топов се растеруваа демонстрантите кои излегоа на протести против Светскиот економски форум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Швајцарската полиција испука солзавец и употреби водени топови и гумени куршуми во судир со демонстранти во Цирих, кои направија огномет и фрлаа со шишиња за време на протестите против Светскиот економски форум во Давос.

Уапсени се три лица, а за време на огнометот повредено е едно лице, соопшти полицијата во Цирих, додавајќи дека еден полицаец е однесен во болница.

„Цирих против СЕФ (Светски економски форум)“ беше слоганот на демонстрациите, на кој учествуваа стотици луѓе.

Покрај тоа што изразија спротивставување на конференцијата, која се одржува на околу 150 километри од Цирих, демонстрантите повикаа на побрза акција за решавање на климатските промени.

Некои демонстранти држеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за климатската криза“, додека други палеа кутии по улиците и по излозите на продавниците пишуваа „Уништи го СЕФ“.

Иако организаторите ги повикаа демонстрантите да се воздржат од насилство, некои од нив направија огномет и предизвикаа материјална штета во вредност од илјадници швајцарски франци, соопшти полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This