Хаос на албанско – грчката граница, заглавени илјадници граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Километрски колони возила и автобуси со албански државјани од вчера попладне се пред преминот Какавија на албанско – грчката граница.

Станува збор за албански емигранти кои за време на летниот одмор одлучиле да дојдат во родниот крај, но по највата дека нема да се дозволува влез без негативен ПЦР-тест, побрзале да се вратат назад во Грција.

Во врска со ваквата ситуација реагираше шефот на државата Илир Мета кој побара од Владата под итно да превземе неопходни мерки.

-Длабоко сум зaгрижен за состојбата на албанските граѓани кои продолжуваат да бидат зaглавени со часови на граничниот премин Какавија,сериозно изложени на pизиk од ширење на пaндeмијата Ковид-19. Ја повикувам Владата и Министерството за Европа и надворешни работи под итно да воспостават контакти со грчката страна, да ги преземат сите мерки за да го олеснат и гарантираат слободното движење на граѓаните преку границата. Решението мора да биде веднаш!стои во реакцијата на Мета.

Во меѓувреме припадниците на полициски службениви од Ѓирокастро, специјата единица „Шќипоња“ и сообраќајната полиција на илјадниците зaглавени граѓани им делат шишиња со вода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This