April 26, 2024, 11:07 pm

ХАОС НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПО РЕЗИЛОТ НА МРТВ: Прочитајте ги реакциите на социјалните мрежи по резилот на МРТВ со Катица Јанева!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалозното интервју на Катица Јанева со нарачани прашања и претходно припремени одговори, кои „паметно“ се обидуваа да ги сокријат монтажерите во МТВ преку додавајќи инсерти додека таа ги читаше одговорите предизвика бура од реакции на социјалните мрежи

katica_mtv

Срамното интервју со кое се изрезили националниот сервис на чело со новиот уредник поставен по партиски клуч, токму од редовите на СДСМ, предизвика низа на реакции на социјалните  мрежи.

Според  пратеникот Илија Димовски „од ова, нема подолу за новинарството во Македонија“, додавајќи дека се срушени сите стандарди.

ilija_katica_intervju

Прв пак во реакцијата беше долгогодишниот и докажан новинар Миленко Неделковски, кој праша зошто Катица се плаши од интервју во живо?

Следеше и реакција од Цветин Чилиманов, инаку член на ад-хок телото за регулирање медиумите во предизборниот период, кое беше формирано по барање на опозицијата како цензорско тело кое има дискреционо право да одлучува за казнување на медиумите без образложение.

cvetin_katica

Реагираше и дописникот на МИА Бобан Нонковиќ, кој напиша дека „првпат во историјата соговорник во интервју за цело време на интервјуто директно ги чита одговорите од хартија…“

boban_katica

 

 

 

komentari_boban_katicaИако СДСМ ветуваше професионализација на МРТВ со инсталирањето на својот партиски уредник, денешното интервју со Катица Јанева беше вистински пример за тоа како изгледа новинарството замислено од опозицијата.
Катица Јанева очигледно немаше капацитет ниту да ги научи на памет прашањата кои самата си ги нарача да и бидат поставени од МТВ. За сето тоа да не изгледа толку скандалозно, како што впрочем и изгледаше, монтажерите во јавниот сервис се „потрудиле“ и секогаш кога Катица Јанева ќе ги ставеше очилата, тие вметнуваа инсерти, тотално неповрзани со разговорот за колку толку да може да биде прикажана како елковентна.

Содржински, онака како што се очекуваше. Катица Јанева не кажа буквално ништо. Ниту збор за тоа каде отидоа милион евра за шест месеци, зошто Верушевски доби слобода, а Талевски притвор и уште серија други прашања.

Меѓу новинарите има единствен став. Денешното интервју на Катица Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди.

Но, останува отворено прашањето, кој го нарачал интервјуто кога во јавноста нема особен интерес за тоа, кој ги договорил прашањата, и кој и ги напишал одговорите.

Претходно во неколку наврати, пишувавме за улогата на Кристина Каранакова, вработена во Амабасадата на САД како човек за врска помеѓу Амбасадата и правосудните органи во Македонија, поточно координирање на полтиички монтираната хајка против ВМРО-ДПМНЕ заедно со неколку судии и СЈО на Катица.

Знаејќи го ова, останува отворено прашањето, дали токму Каранакова и нејзиниот колега од амбасадата Митко Бурчевски инаку задолжен за односи со јавност, биле двајцата нарачатели на интервјуто во МТВ на Катица Јанева, а по налог на Бејли?

 

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This