ХАОС НИЗ СВЕТОТ: Масовни протести во Москва, апсења во Турција – се протестира и во Манила и Сеул!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во светот се одржуваат протестни собири и маршеви за Денот на трудот со барање владите да се посветат на прашањата на работниците. Во некои држави властите ги ограничија протестите, а во Турција апсеа демонстранти.

Полицијата во Истанбул приведе повеќе од десет демонстранти кои тргнаа на марш кон градскиот плоштад Таксим и покрај забраната. Турција забрани пристап до плоштадот за 1 мај поради безбедносни причини, но мала група од околу 25 луѓе се обиде со сила да дојде до Таксим.

Таксим има посебна симболика за работничкото движење во Турција, затоа што во 1977 година таму беа убиени 43 луѓе за време на одбележување на 1 Мај кога врз демонстрантите беше пукано од една од зградите.

Во Манила илјадници филипински работници маршираа во знак на протест поради како што наведуваат неисполнетите предизборни ветувања на претседателот Родриго Дутерте дека ќе стави крај на краткорочните договори за вработување. Протестите во Манила ги обезбедуваа над 8.000 полицајци, а за повисоки плати и повобри услови за работа се демонстрираше и во други градови на Филипините.

Во Сеул во Јужна Кореја илјадници членови на синдикатите бараа зголемување на минималната плата и статус на регуларно вработени за сите работници.

Во Индонезија се собраа околу 10 илјади работници од разни сектори кои бараа повисоки плати и запирање на вработувањата за странци.

Над три милиона луѓе во цела Русија учествуваат во првомајските демонстрации под мотото – Достоен труд и праведна социјална политика.

– Одбележуваме со демонстрации кои веќе се одржаа во Владивосток, Новосибирск и Краснојарск, изјави претседателот на Федерацијата на независни синдикати во Русија, Михаил Шмаков.

Полицијата соопшти дека во центарот на Москва има над 150 илјади демонстранти.

Премиерот на Камбоџа Хун Сун го поминува денот со околу 5.000 работници од текстилни фабрики близу главниот град, а на работниците им се заблагодари најавувајќи за секој од нив помош од 50.000 риели (12.5 долари).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This