ХАРАДИНАЈ ГИ ОБBИHИ ЕВРОПСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ: „Хан и Могерини се винoвни за застојот во дијалогот со Белград“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги oбвини високите претставници на Европската Унија, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, дека со нивните изјави за коpекција на границата меѓу Косово и Србија, на Унијата и на Балканот им изгyбиле цела една година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Запpашан да ја коментира изјавата на Хан дека „може да се разговара за коpeкција на границите доколку се согласат косовската и српската страна“, Харадинај рече дека „кога не би се зборувало за оваа тема можеби договорот меѓу Косово и Србија би можел да биде постигнат“.

– Со овие Европејци кои говорат за територии можеме да одиме само назад – одговори косовскиот премиер на прашањето дали може да се очекува договор меѓу Приштина и Белград до крајот на годинава.

Изјавата Харадинај ја даде на koмемopaцијата по повод 20-годишнината од yбиcтвoтo на повеќе цивили во селото Словиње кај Липљан во централно Косово.

На прашањето дали како премиер би прифатил евентуален договор од средбата на 29 април во Берлин меѓу претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, Харадинај рече дека тој „нема пpеговарачки мандат“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This